На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот на пејачот на Red Hot Chili Peppers
Ова не е единствената несреќа што ја имал. Многу одамна, кога бил во Мичиген да го посети семејството, возејќи го субаруто на неговата мајка, целосно ја притиснал педалата за гас и изгубил свест. Возел со околу 140km/h.
Автомобилот излетал од патот и удрил со цела сила во неколку дрвја, удирајќи со главата дрво. Моторот на автомобилот, пак, излетал низ хаубата.
За среќа, во близина живеел болничар, кој во дворот имал паркирано амбулантно возило - го слушна ударот и веднаш истрчал да помогне.
„Болничарите стоеја над мене и ме прашаа кој е претседател. Одговорив точно, иако не сфатив дека ме тестираат за повреди на мозокот.
Не знаев дека главата ми е целосно скршена и изгледав како чинија шпагети со ќофтиња“, пишува Кидис.

Во еден момент од животот, по него е распишана потерница во Луизијана, откако избегал со малолетната ќерката на шефот на полицијата.
За ова, тој вели:
„По концертот во Њу Орлеанс за време на првата национална турнеја запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Монро“.
Ја замолив да ми прави друштво под тушот и таа се согласи. Веднаш се соблече и водевме љубов на подот.
Ја познавав само пет минути, но бев сигурен во моите чувства. Ја поминавме ноќта заедно и дознав дека оди во католичко училиште.

Следниот ден имавме концерт во Батон Руж, па кога завршивме, ме повлече настрана и призна дека татко ѝ е шеф на полицијата, а дека целата држава Луизијана ја бара зашто исчезнала и дека има само 14 години.
Искрено, не бев доволно исплашен. Во мојот заблуден ум, мислев дека ако му каже на татко си дека е вљубена во мене, нема да ме однесе на поле за да ме убие.
Но, сакав веднаш да ја вратам дома. Пред да се разделиме, имавме секс уште еднаш“.

Во средината на 1980-тите, Кидис станал многу зависен од хероин, поради што членовите на бендот наводно го исфрлиле, на кратко.
Тој успеал да се опорави доволно за да го заврши албумот, но не и неговиот пријател Словак, кој починал од предозирање во 1988 година.
На дрогата ѝ се вратил во јануари 1994 година, иако во тоа време бил долго време чист. Но, отишол кај стоматолог во Беверли Хилс за да му извади умник.
Одбивал анестезија поради неговата поранешна зависност, но, кога постапката се искомплицирала, стоматологот го принудил да прими валиум преку вена. Тоа предизвикало бран на еуфорија и повторно ја разбудило старата зависност.

Додека бил на турнеја за албумот Californication, Кидис бил во врска со Клер Есекс. Една вечер, додека беа дрогирани во хотелската соба, таа почнала да се грчи и речиси престанала да дише.
Кидис повикал брза помош, но таа се повратила, па тој ја спуштил слушалката. Сепак, полицијата дошла да провери, а Кидис ја скрил дрогата под ќебе и ги уверил дека не е предозирање, па продолжил да користи дрога откако си заминале.
Кога се гледал со моделот Џејми Ришар, врската им била турбулентна, но најбизарниот момент се случил на патот од Лос Анџелес до Мичиген во мотел.

Додека Ентони останал во собата да си спреми доза хероин, неговата девојка се заклучила во бањата и со ноже си ја врежала буквата „А“ (Antony) на раката.
Ентони се заљубил во ирската пејачка Шинед О'Конор на првата средба во 1989 година. Неколку недели подоцна, тој повторно ја сретнал и посакал веднаш да „одлета“ со неа.
„Би се оженил со неа на лице место“, пишува во книгата.

А. Ј. | Црнобело
