Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни
Алисија Силверстоун
Во 2024 година, видео на актерката Алисија Силверстоун стана вирално, најмногу бидејќи јавноста сериозно се згрижи за нејзиното здравје.
Во видеото, Алисија кине некое чудно овошје од нечиј двор во Англија. Кажа дека не знае што е, но сепак го стави во уста.
Во коментари, фановите прво посочија дека може да станува збор за вид бобинка која е отровна.
Поради многуте реакции, Алисија се огласи изјавувајќи дека не го голтнала плодот и дека е жива и здрава.
Лудакрис
И познатиот рапер се најде во слична ситуација како Алисија, кога се напи вода од глечер на Алјаска, а моментот го овековечи на видео.
Иако водата изглед кристално чиста, нормално, не е препорачливо да се пие пред да биде тестирана за паразити, вируси, бактерии…
За среќа, водата што ја пиеше Лудакрис не била загадена со штетни микроорганизми. Раперот се огласи откако видеото стана вирално:
„За сите кои ме прашаа каков вкус имаше водата од глечерот. Најпрво, да ви кажам дека многу сакам вода и ова беше највкусната вода што сум ја пробал.
Додека ја пиев, почувствував како ми се хидрира секоја клетка во телото… Се чувствувам како Супермен“.
Џастин Бибер
За разлика од повеќето славни на листава, гафот на Џастин Бибер се случи во 2010-та, кога пејачот сигурно уште имал трема од јавни појавувања.
Во емисија, тој одговараше квиз прашања од водителот.
Едно од прашањата беше – дали зборот „бибер“ на германски значи кошарка?
Пејачот се збуни и кажа дека не знае што е тоа „германски“.
Мараја Кери
Во интервју од 2009 година, Мараја Кери покажа дека е толку богата, што нема никаков допир со реалноста.
Водителот ја праша дали во секојдневните обврски има вообичаени работи, како плаќање сметки за струја.
Пејачката беше изненадена што постојат сметки за струја и водителот ѝ рече дека сепак не е бесплатна.
На ова, Мараја одговори:
„Во Америка, струјата е бесплатна“.
Спирова С. | Црнобело
