Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни
- Детали
- недела, 30 ноември 2025
Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги наведува видеата што ги гледа на ТикТок. Мараја Кери, пак, во постаро интервју беше убедена дека електричната енергија во Америка е бесплатна.

За некој да успее во животот, потребно е да биде интелигентен, но и да има обемно познавање од својата област.
Сепак, само затоа што некои луѓе станале успешни, па и славни, не значи дека немаат моменти кога нивната интелигенција не доаѓа до израз.
Неколку смешни гафови од славни личности:
Ким Кардашијан
Зад себе, Ким Кардашијан има многу гафови, па многумина мислат дека само се шегува.
Таква беше ситуацијата и со нејзиниот последен гаф, во седмата сезона од ријалити шоуто на Кардашијан.
Ким изјави дека слетувањето на Месечината е лажно, а како свој извор наведе ТикТок видеа.
Изјавата се прошири вирално, па се огласи и сегашниот администратор на НАСА:
„Да, Ким Кардашијан, слетавме на Месечината… 6 пати! Уште подобро: мисијата Артемида, под водство на претседателот, ќе нè однесе пак“.
Шекил О’Нил
Во далечната 1994 година, Шекил О’Нил беше во Грција.
Откако се врати, во интервју за Sports Illustrated му беше поставено прашањето дали имал можност да го види Партенон – храмот на атинскиот Акропол.
На ова, кошаркарот одговори:
„Не ги помнам имињата на сите дискотеки што ги посетивме“.
По интервјуто се огласи неговиот личен асистент:
„Сигурен сум дека само се шегувал. Хотелската соба гледаше кон Партенон. Дури и разговаравме за храмот“.
Бебе Реџа
Во 2018 година, обожавател ја праша Бебе Реџа каде би отишла ако може да патува низ времето.
Во твит кој сега е избришан, пејачката рече:
„Би одела во Париз во 1940-тите“.
Со ова, пејачката покажа дека историјата не ѝ е силна страна бидејќи во раните 1940-ти, Париз бил под нацистичка окупација.
Кога фановите ѝ го посочија ова, Бебе Реџа напиша дека имала слаба оценка по историја.
Тревис Келце
И свршеникот на Тејлор Свифт има изјава која го покажува како неедуцирана личност.
Во подкаст, тој самиот се пофали дека до неодамна не го знаел вистинското име на книгата „Алиса во Земјата на чудата“.
На англиски, насловот на книгата е Alice in Wonderland. Но, Тревис мислел дека насловот е Alison Wonderland, односно дека во прашање се име и презиме.
