Метју Меконахи за сопругата: „И по 20 години, уште e единствената жена со која сакам да спијам и да се будам покрај неа“
- Детали
- четврток, 27 ноември 2025
„Сум бил во врска со многу убави жени. Визијата дека ќе останам вечен ерген ми дојде во влажен сон. Беше спиритуален знак, порака да се предадам, па престанав да барам. И тогаш таа дојде. Три месеци подоцна, ја запознав Камила. 20 години подоцна, таа уште е единствената жена со која сакам да одам на состанок, да спијам со неа и да се будам покрај неа“.

Еднаш неделно, секој петок, Метју Меконахи онлајн објавува писмо од својот серијал, во кој споделува свои мисли, приказни, совети за читателите и лични филозофии, под името „Lyrics od Livin“.
Последно, тој објави интересен текст, во кој зборува за својот љубовен живот.

Актерот во минатото имал бурен љубовен живот, а неговиот список на бивши ги вклучува Сандра Булок, Пенелопе Круз и Рене Зелвегер.

Но, сега тој раскажува дека добил некој спиритуален знак, кој му дал до знаење дека е време да се смири и да ја најде вистинската жена со која ќе оствари семејство.
Сега тој ужива во љубовта со Камила, со која започна врска во 2006-та, ги добија двете деца Ливај (17) и Вида (15).
Во 2012 стапија официјално во брак, а една година подоцна се роди и третото дете Ливингстон (12).

Во своето писмо Метју сега пишува:
„Сум запознал, сум поминувал време и сериозно сум бил во врска со многу прекрасни жени во животот. Многу од нив уште ми се пријателки, но во тој период, сите тие биле само попатна станица, не крајна дестинација.
Во средината на моите 30-ти години, барав животен сопатник, најдобар пријател и идна мајка. Барав повеќе.
Ја барав вистинската. Ја барав неа. А потоа имав влажен сон“ – раскажува актерот.

Тој го пренесува сонот, во кој самиот тој е претставен како старец, во столица што се ниша, во двор од својата селска куќа. Во сонот имало 22 возила, 22 жени и 88 деца.
Не бил оженет со ниту една од тие жени во сонот, но бил татко на 88-те деца, едно за секоја година од животот, бидејќи тогаш го славеле неговиот 88-ми роденден.

„Со секоја од мајките имавме идилични спомени, децата ми седеа во скут.
Се прегрнувавме, бакнувавме, се смеевме, плачевме солзи радосници.
Сите беа околу мене за семејна фотографија и додека се одбројуваше 3, 2, 1, свршив“.

Тогаш тој сфатил дека неговата најважна цел во животот е да биде татко.
„Визијата дека ќе останам вечен ерген ми дојде во влажен сон. Беше спиритуален знак, порака да се предадам, да престанам да ја барам совршената жена и да се препуштам на природната селекција.
Па престанав да барам. И тогаш таа дојде. Три месеци подоцна, ја запознав Камила.
20 години подоцна, таа уште е единствената жена со која сакам да одам на состанок, да спијам со неа и да се будам покрај неа“.

Инаку, актерот бил „приморан“ да ја запроси, кога неговиот син Ливај, прашувал зошто парот има различни презимиња.
„Зошто мама не е Меконахи? – ми рече. Си велам, имаш 4 години, дали мајка ти ти го стави ова во глава. Супер прашање, веројатно затоа што не сме венчани.
А тој ме слуша и вели – Се плашиш? Да потсетам има 4 години... и си велам да, веројатно се плашам.
Не сакав да го направам само колку да се случи“ – изјавил тој во септември годинава за време на подкаст.


М. М. | Црнобело