Од инает не ѝ дава пари на мајка му, бранеше педофил: Докази дека Квентин Тарантино има „краток фитил“
Тарантино ја даде контроверзната изјава во емисијата на Хауард Стерн, па водителот го праша како може да брани возрасен маж кој злоупотребил дете.
Изненадувачки, и овој пат Тарантино проба да го одбрани Полански:
„Таа се согласила, разговарале за тоа. Сега е возрасна, па раскажува потполно друга приказна“.
Знаел за однесувањето на Харви Вајнштајн со жените во Холивуд
Харви Вајнштајн е продуцент на дел од најпознатите холивудски филмови, а ова го прави еден од најмоќните луѓе во Холивуд.
И, тој ја злоупотребувал својата положба – бројни актерки открија дека биле сексуално вознемирувани, па и силувани од него.
Денес тој е во затвор за своите злодела.
Но, Квентин Тарантино, кој има соработувано со него, бил свесен за она што се случува.
Вајнштајн е продуцент на филмовите Kill Bill во кои главната улога ја има Ума Турман.
Актерката откри дека била вознемирувана од Вајнштајн на сетот, а нејзини колешки споделија дека Тарантино бил свесен за ова и не преземал ништо.
Всушност, и самиот Тарантино го призна ова – на прашање за обвиненијата, тој изјави:
„Знаев доволно за да направам повеќе отколку што направив“.
Му праќал смртни закани на Дејвид Летерман
Во 2020 година, американскиот водител Дејвид Летерман откри дека добивал смртни закани од режисерот.
„Имав гостинка и нејзина пријателка беше во врска со Тарантино. Ѝ реков ’Не, не си во врска со Квентин Тарантино‘:.
Таа ми рече ’Да, со него сум‘. Јас ѝ реков ’Те молам кажи ми дека лажеш‘. Секако, ова беше само шега!“
Но, за Тарантино ова не било шега, па по два дена му се јавил на водителот:
„Почна да ми вика ’Ќе те претепам до смрт, ќе те убијам, доаѓам во Њујорк да те истепам. Како можеш да зборуваш така за мене‘. Му реков да се смири“.
Тогаш водителот побарал од неговиот продуцент да почне да го слуша разговорот, а режисерот продолжил со заканите дека ќе го убие.
Сепак, по некое време Тарантино се смирил и водителот вели дека го оставиле инцидентот зад нив.
Спирова С. | Црнобело