Меган Трејнор е мета на критики откако доби дете со сурогат мајка: „Сигурно не сакалa да си го уништи новото тело“
По лавината коментари, Меган реши да се огласи и да објасни од каде потекнува одлуката да искористи сурогат мајка.
Како што веќе спомнавме, таа има два сина кои ги роди самата, но вели дека ѝ било ризично да забремени третпат.
„Сакам луѓето да знаат дека сурогат мајчинството е уште еден убав начин да се создаде семејство. Ова не беше нашиот прв избор.
Имавме бескрајни разговори со нашите лекари и ова беше најбезбедниот начин. Засекогаш сме благодарни што постои оваа опција“.
Меган смета и дека треба да се оттргне стигмата за сурогат мајчинството.
„Ова не е нешто коешто треба да се осудува. Сурогат мајчинството се заснова на доверба, наука, љубов и тимска работа. Секое семејство има различно патување“.
Меган додава и дека нивната сурогат мајка била прекрасна личност.
„Таа е една од најнесебичните, најсилните и најљубезните луѓе што сум ги сретнала. Се чувствувавме многу поврзано и засекогаш ќе ѝ бидам благодарна за грижата и љубовта што ѝ ги покажа на нашата ќерка“.
Првите две бремености за Меган биле проблематични и токму тоа ја натерало да почне да размислува за сурогат мајка.
Првото синче веднаш по раѓањето било однесено на интензивна нега поради проблеми со дишењето, а Меган останала сама во операционата сала.
„Обично откако ќе ве зашијат, си мислите на убавото бебе што сте го родиле. Но, јас лежев во салата сама. Кога им кажував на луѓето што се случи, сфатив колку беше трауматично“.
По раѓањето на второто дете, Меган вели дека се чувствувала како да доживеала нервен слом.
„Бев сама со него и не престануваше да плаче и јас почнав да плачам. Имав паничен напад и бев преморена, а се чувствував како да умирам.
Мислев дека ако станам ќе изгубам свест. МИслев дека не е безбедно во тој момент да го држам бебето во раце“.
Пејачката вели дека ги споделува своите искуства со надеж дека луѓето ќе почнат да сфаќаат низ што навистина минуваат мајките.
„Нешто најтешко е да имате дете. Се очекува од нас да се однесуваме како да не се случува ништо.
Затоа го споделувам моето искуство, да им покажам на другите мајки дека не се сами, но и да ги охрабрам да побараат помош и поддршка“.
Спирова С. | Црнобело