Меган Трејнор е мета на критики откако доби дете со сурогат мајка: „Сигурно не сакалa да си го уништи новото тело“

Меган Трејнор има родено две деца, а за третото со сопругот се одлучиле за сурогат мајка. Но, покрај честитките, се соочи и со критики зошто избрала сурогат мајчинство, наместо самата да роди. Од друга страна, некои ја бранат нејзината одлука.

megan-trejnor-zapochna-debata-otkako-otkri-deka-dobi-dete-so-surogat-majka-sigurno-ne-sakal-da-si-go-rasipe-novoto-telo-01.jpg

На 21-ви јануари, со Инстаграм објава, Меган Трејнор откри дека добила ќерка со помош на сурогат мајка.

Пејачката, која веќе има две деца, сподели дека девојчето се родило на 18-ти јануари.

Меган објави фотографија на која со насолзени очи го држи девојчето во раце, како и уште неколку фотки на кои новиот член на семејството позира со постарите братчиња и таткото.

megan-trejnor-zapochna-debata-otkako-otkri-deka-dobi-dete-so-surogat-majka-sigurno-ne-sakal-da-si-go-rasipe-novoto-telo-04.JPG

„Нашето девојче Мајки Мун Трејнор конечно дојде на свет благодарение на нашата неверојатна сурогат мајка. Бескрајно сме им благодарни на сите лекари, медицински сестри, тимови кои ни го остварија овој сон.

Имавме бескрајни разговори со нашите доктори за ова патување и ова беше најбезбедниот начин за нас за да продолжиме да го зголемуваме нашето семејство. Премногу сме вљубени во ова мало девојче.

Рајли и Бери се многу возбудени и тие дури ѝ избраа средното име. Сега ќе уживаме во миговите со семејството, ве сакам сите“, стои во описот.

megan-trejnor-zapochna-debata-otkako-otkri-deka-dobi-dete-so-surogat-majka-sigurno-ne-sakal-da-si-go-rasipe-novoto-telo-05.JPG

Објавата има над два милиони лајкови, а во коментари фановите ѝ честитаат на пејачката.

Но, некои ја отвораат дебатата и за тоа дали е во ред да се користи сурогат мајка кога не е неопходно.

Некои дури и го критикуваат начинот на којшто позира Меган со новороденчето бидејќи делувало како таа да се породила.

megan-trejnor-zapochna-debata-otkako-otkri-deka-dobi-dete-so-surogat-majka-sigurno-ne-sakal-da-si-go-rasipe-novoto-telo-06.JPG

Факт е дека многу славни жени користат сурогат мајки, па дел од јавноста смета дека треба повеќе да се зборува за етиката за сурогат мајчинството.

„Треба да го мразиме луѓето од Холивуд што ги користат телата на другите жени само како машини за раѓање“.

„Сосема разбирливо е ако жена не може да роди од здравствени причини. Но, малку е бизарно да користат сурогат мајка само затоа што не сакаат да бидат бремени“.

„Мислам дека искористила сурогат мајка бидејќи не сакала да си го расипе телото и да престане со Оземпик“.

„Мислам дека сурогат мајчиното е погрешно. Жените не треба да се експлоатираат за нивните матки“.

megan-trejnor-zapochna-debata-otkako-otkri-deka-dobi-dete-so-surogat-majka-sigurno-ne-sakal-da-si-go-rasipe-novoto-telo-7.JPG

Сепак, некои истакнуваат дека нема ништо погрешно во користењето сурогат мајка штом некои луѓе можат да си го дозволат тоа:

„Честитки! Но, подготви се за критики бидејќи на луѓето им пречат сурогат мајки“.

„Зошто сте гневни? Сурогат мајките се многу добро платени. Честитки Меган“.

„Ако можат да си дозволат сурогат мајка, зошто да не искористат?“

„Не мора да има причина за сурогат мајка, тоа е избор“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава