Бела Хадид во најпровокативниот фустан досега, ја критикуваат за долната облека: „Не го носи правилно“
- Детали
- понеделник, 26 јануари 2026
„Дали грбот ѝ е толку долг или задникот ѝ е многу високо? Дупките не треба да се на задникот, туку на долниот дел на грбот... Зошто го носи со вакви гаќи?“ – Бела Хадид се појави во најпровокативниот фустан со отсечоци на задникот, додека ужива на одмор на јахта со пријателите.

Бела Хадид е позната по своите храбри и разголени аутфити, но овој пат, изгледа се победи и себеси.
29-годишниот модел ги привлече сите погледи кон себе, кога на забава со пријателите на јахта, се појави во црн коктел -фустан со отсечоци.
Изгледот го надополни со црна карневалска маска за очи, впечатлив накит и црни нокти, па позираше во свој стил, провокативно.
Таа покажа дека е смела и дека нема проблем да се појави на настан во фустан со гол грб и со отсечоци на задникот.

Дел коментираа дека се воодушевени од нејзиниот храбар стајлинг, други дека фустанот е невкусен и дека отсечоците не треба да бидат по цел задник туку на долниот дел од грбот, а некои пак, не можеа да ги преболат нејзините гаќички во крем боја, кои ѕиркаат низ отворите.
„Фустанот не треба да оди толку ниско до задникот...“
„Мислам дека не го носи правилно“.
„Можеби ќе биде контроверзно, но овој фустан се носи без долна облека, или ако мора, танга со тенка линија, бидејќи овие „nude“ гаќи не се баш невидливи...“

„Дали грбот ѝ е толку долг или задникот ѝ е високо поставен?“
„Мислев дека ова треба да е детаљ за на грбот...“

Секако, таа не се грижи за коментарите, па по ова објави повеќе фотографии на кои се гледа дека ужива на одморот на јахта со пријателите и повторно се пофали со извајаното тело во бикини.
Повеќе фотки од одморот:







М. М. | Црнобело