Мајкл Џексон зборува за своите чувства кон деца, во вознемирувачки снимки: „Се вљубуваат во мојот карактер“
- Детали
- вторник, 03 февруари 2026
Во нов документарец кој се фокусира на судењето на Мајкл Џексон од 2005 година ќе бидат прикажани аудиоснимки на кои пејачот зборува за неговите чувства кон деца. На снимките, кои се опишувани како морничави, пејачот вели дека тоа што децата го сакале, некогаш му создавало проблеми.

Мислењето на јавноста уште е поделено кога се во прашање обвиненијата за педофилија насочени кон Мајкл Џексон.
Иако пејачот беше обвинет за сексуално вознемирување и малтретирање деца, за што беше изведен и на суд, на крај не беше обвинет.
Па, дел од јавноста му верува на пејачот, додека дел на неговите наводни жртви.
Бидејќи ова е тема што е актуелна и 20 години подоцна, снимен е нов документарец за судењето на Мајкл Џексон, насловен The Trial.
Во документарецот, кој треба да се емитува од 4-ти февруари, има аудиоснимки од пејачот на кои тој ги споделува своите мисли за деца.
Како што пренесува The New York Post, снимките досега не се покажани во јавност, а ќе бидат дел од новиот документарец.
Снимките делуваат вознемирувачки, а во еден миг пејачот вели и дека би си го одзел животот ако нема можност да биде близок со деца.
„Ако сега ми речете дека нема да можам да видам ниту едно дете, би се убил. Децата сакаат да ме допираат и прегрнуваат.
Децата се вљубуваат во мојот карактер. Некогаш ова ми создава проблеми“, се слуша на снимката пренесува The New York Post.
Покрај судењето од 2005 година, документарецот ќе се фокусира и на односот на Мајкл Џексон со Гавин Арвизо кој го има обвинето пејачот за сексуално малтретирање.