Мајкл Џексон зборува за своите чувства кон деца, во вознемирувачки снимки: „Се вљубуваат во мојот карактер“
Во 2005 година, Гавин, кој има преживеано рак, излезе со тврдење дека пејачот му покажувал порнографски филмови и му давал да пие алкохол.
Во документарецот ќе бидат прикажани досега невидени снимки од Мајкл и Гавин, како нивно заедничко одење на пикник.
Според извор на The New York Post кој ги има слушнато снимките, опсесијата на пејачот со деца била вознемирувачка.
„Има нешто необично и морничаво во опсесијата на Мајкл Џексон со деца, особено деца кои не се негови.
Да се слушне неговиот глас како зборува за деца на овој начин, земајќи предвид дека е обвинет за малтретирање, поттикнува многу прашања за неговата ментална состојба и, за жал, неговите намери…
Тој сметал дека нема ништо погрешно во тоа да ги носи децата во неговиот дом и неговиот кревет, без родителски надзор, додека ги оправдува своите постапки тврдејќи дека им е пријател…
Ова се навистина вознемирувачки фрази и изрази од сингл маж кој е во своите 40-ти“.
Изворот зборува и за односот на Мајкл Џексон со Гавин Арвизо.
„Има снимка, која е најдена, а на која се гледа како Мајкл се грижи за Гавин додека тој имаше рак кога беше младо момче.
Многу лекари сметаа дека неговата дијагноза е смртоносна, но Мајкл никогаш не изгуби надеж.
Мајкл му кажуваше на Гавин дека изгледал како ангел, а има чудни начини на коишто може да се протолкува сето ова“.
Мајк Џексон почина четири години по судењето, а неговите три деца до денес ја бранат неговата невиност.
Тие го опишуваат како прекрасен татко, а сметаат дека сите обвиненија против него се лага.
Што се однесува до документарецот, децата на пејачот уште се немаат огласено.
Прочитајте и: Семејна драма како од сапуница: Дали Марлон Брандо е биолошкиот татко на синот на Мајкл Џексон?
Спирова С. | Црнобело