Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скрие од јавноста
Најверојатно имал проблеми со дрога
Додека траеше истрагата за смртта на пејачот почна да се шпекулира дека тој имал сериозна зависност од опијати.
Наводно, неколку недели пред да почине пробувал да се исчисти и бил на клиника.
Тоа што почина од предозирање со фентанил – дрога посилна и од хероин – само дополнително ги разгоре гласините дека пејачот имал проблем со зависност.
Сепак, самиот нема откриено ништо.
Неговата сестра била зависничка од дрога
Најмладата сестра на Принц, Тика Нелсон, самата има зборувано за нејзината битка со зависноста.
Таа сподели дека иако со Принц пораснале во истиот дом, тој успеал да стане музичка ѕвезда, додека таа станала зависничка.
Поради ова, извесен период Тика била бездомничка, а се вмешала и во проституција.
„Бев самохрана мајка, моите деца беа бебиња. Си го продавав телото за храна, пари и пелени…
Го продадов автомобилот што ми го даде Принц и го продадов телевизорот на децата за дрога“, има изјавено таа.
Гласини дека бил насилен партнер
Многу се зборувало за бурниот љубовен живот на Принц, а некои извори велат дека тој бил и насилен кон неговите партнерки
Пејачот дури се соочи со тужба од поранешна девојка која тврдеше дека имал и развратни навики.
„Принц одржуваше забави во различни тематски соби. Луѓето беа во одделни соби во неговите домови и во секоја соба се случуваше нешто различно.
Во собите имаше кафези, ланци, камшици… Некогаш тој гледаше, некогаш и самиот учествуваше“, стои во тужбата.
Според бившата девојка, тој и ја понижувал.
„Некогаш се однесуваше добро со мене, а потоа стануваше суров. Знаеше да ме избрка од креветот и да ми рече да спијам на друго место.
Сакав да го оставам, но не ми дозволуваше. Ми велеше дека јас му припаѓам само него. Принц ми се закануваше дека ќе ме убие откако раскинавме“.
Страдал од депресија во последните денови во животот
И ова се само шпекулации, но наводно Принц бил во депресија во последните денови од животот.
Тој период пејачот наводно бил во врска со жена која зборувала за неговото расположение.
Ѝ кажувал дека сакал да спие повеќе, како и дека неговата „работа не Земјата е завршена“.
Спирова С. | Црнобело
