Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скрие од јавноста
- Детали
- недела, 08 февруари 2026
Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деформитет на черепот. Неговата бивша девојка, пак, го тужеше за психичко и физичко насилство, а тврдеше и дека организирал развратни забави во неговите куќи.

Само една недела по спектакуларен концерт во Атланта, пејачот Принц беше пронајден без свест во лифт.
Почина на 21-ви април 2016 година, а подоцна беше откриено дека причина за смртта е предозирање со фентанил.
Познатиот музичар имаше само 57 години, а откако се дозна причината за неговата смрт, почнаа да се поставуваат повеќе прашања за неговиот приватен живот.
Во фокус се најдоа и тајните што тој со години пробуваше да ги скрие.
Дел од најголемите тајни на Принц:
Доби тајно дете
Една од најголемите тајни на пејачот е дека во 1996 година му се родил син.
Тој период некои таблоиди шпекулираа дека детето се родило со сериозни здравствени проблеми, па затоа пејачот одлучил да го скрие.
Поради огромниот притисок, на крај Принц призна дека со тогашната сопруга добиле дете. Сепак, не откри ништо за неговата здравствена состојба.
Во јавност се појавија гласини дека детето починало само седум дена откако се родило поради деформитет на черепот предизвикан од ретка мутација.
Принц никогаш повторно не го спомна детето, но извори блиски до него во неколку наврати споделуваа дека не ја преболел смртта.
Неговата сопруга доживеала спонтан абортус
Според британскиот The Mirror, кратко по смртта на новороденчето, сопругата на Принц доживеала спонтан абортус.
Па, се претпоставува дека траумата од двете загуби била и причина за нивната разделба.
Тогашната сопруга на Принц, Мајте Гарсија Нелсон, зборуваше за загубата многу години подоцна.
„Навистина е страшно да се е изгубат две бебиња…
Ми требаа 15 години за да го преболам тоа и до денес уште ми недостасува мојот син“.
