Самиот ги казнувал непослушните членови и уште 4 морничави теории на заговор за Том Круз и скиентолошката црква
- Детали
- сабота, 21 март 2026
Црквата му го растурила бракот со Никол Кидман, а потоа држеле аудиции со славни жени од Холивуд за да му најдат нова сопруга. За Том Круз и скиентолошката црква постојат навистина бизарни и мрачни теории на заговор.

Теориите на заговор постеле и ќе постојат, а во некои случаи се покажале и како точни.
Благодарение на случајот со педофилот Џефри Епстин, теориите на заговор за славните и богатите повторно се честа тема на разговор.
Том Круз можеби не бил вмешан со Џефри Епстин, но затоа, пак, за него има потполно други шпекулации, поврзани со мистериозната (и озлогласена) скиентолошка црква.
Дел од најморничавите теории на заговор за актерот и црквата:
Скиентолошката црква му го уништила бракот со Никол Кидман
Том Круз и Никол Кидман беа во брак околу една деценија пред да се разведат во 2001 година.
Не се познати многу детали околу разводот, но според шпекулациите, скиентолошката црква имала главна улога во целата ситуација.
Истовремено, луѓето од црквата ги свртеле посвоените деца на актерите против Никол.
Наводно, тие почнале агресивна кампања за да го натераат Том да ја остави Никол, па дури и ја прислушувале.
Том Круз е меѓу лидерите
Том Круз е најпознатиот член на скиентолошката црква, а според некои извори, тој е на исто ниво и со главните во сектата.
Како најистакнат и најпопуларен член, членовите на црквата го гледале како еден од лидерите.
Црквата ја барала следната сопруга на Том
Во 2004 година, се шпекулираше дека актерката Назанин Бониади била избрана од скиентолошката црква за да биде новата сопруга на Том.
Според изворите, била повикана на состанок кај истакнат член на црквата, каде ѝ кажале дека била избрана за „тајна мисија“.
Бидејќи самата била скиентолог, веднаш прифатила, па цел месец била испрашувана и обучувана за да биде соодветна сопруга за актерот.
Тој период актерката имала дечко, но од црквата се потрудиле да раскинат. Сепак, на крај сфатиле дека не била добар избор за Том.
Имало и други жени кои оделе на „аудиции“ за следната сопруга на Том
Наводно, бројни слави жени од Холивуд биле повикани на „аудиции“ со цел да се утврди дали биле соодветни за Том.
Некои извори велат дека меѓу овие жени биле Скарлет Јохансон, Џенифер Гарнер, Џесика Алба…
Според еден извор, актерките не биле свесни на каков состанок ги викаат и Џенифер Гарнер и Џесика Алба ја одбиле поканата.
Но, Скарлет Јохансон прифатила и наводно испаничила кога сфатила дека состанокот е во скиентолошкиот центар во Холивуд, па веднаш си заминала.
Том Круз сакал да ги дисциплинира непослушните членови
Одамна постојат гласини дека црквата сурово ги казнува своите членови ако не ги следат правилата.
Ова казнување вклучувало психичко и физичко малтретирање.
Наводно, Том Круз и самиот имал понудено да ги казнува другите членови со физичко насилство.
Спирова С. | Црнобело