Се вљубија додека го снимаа Wuthering Heights, до денес си пишуваат писма: Љубовта на Том Харди и сопругата Шарлот е како на филм
- Детали
- сабота, 14 февруари 2026
Додека се зборува за опсесијата на Марго Роби и Џејкоб Елорди додека го промовираат филмот Wuthering Heights, јавноста се присетува на почетоците на врската на Том Харди и сопругата Шарлот. И тие се запознаа на снимање на адаптација на „Оркански височини“ и скоро две децении подоцна, исто се вљубени како и на првиот ден.

„Оркански височини“ важи за една од најпопуларните љубовни приказни некогаш напишани, па не е ни чудно што досега имала бројни адаптации.
Во последната екранизација на книгата, улогите на Хитклиф и Кетрин им припаѓаат на Џејкоб Елорди и Марго Роби.
Уште од првиот трејлер стана јасно дека режисерката Емералд Фенел си зела поголема слобода и филмот ќе изобилува со страсни љубовни сцени.

Марго и Џејкоб, пак, како да ја пренесоа хемијата од филмот во реалноста, па на турнејата за промоцијата делуваа како навистина да се „опседнати“ еден со друг.
Некои дури и се шегуваа дали Марго Роби е во отворен брак штом не ја крие наклонетоста кон колегата Џејкоб.
Но, ова не е првпат адаптација на популарната книга да спои двајца актери – Том Харди и Шарлот Рајли ја почнаа нивната љубов благодарение на филмот Wuthering Heights од 2009 година.

Детали за нивната љубовна приказна:
Том Харди и Шарлот Рајли ги имаат главните улоги во Wuthering Heights од 2009 година, а хемијата меѓу нив е повеќе од очигледна и во филмот.
Во периодот кога започнало снимањето, ни Том ни Шарлот не очекувале дека ќе најдат љубов.
До 2009 година, Том Харди веќе се имаше разведено од првата сопруга со која има и син.

Истовремено, тој период ги надминуваше проблемите со зависност од дрога и алкохол.
Шарлот има откриено дека дефинитивно не им се случила љубов на прв поглед и вели дека на почетокот актерот ѝ делувал дури и одбивно.

Том имал навика да се однесува како негов злобен лик од претходен филм – Bronson – и ова не ѝ се допаѓало на Шарлот.
„Не беше љубов на прв поглед. Всушност, се чувствував непријатно кога се претвораше во ликот од Bronson.
Но, набрзо сфатив дека го прави ова само за да ги насмее другите“, има изјавено Шарлот.

Актерите се зближиле на снимањето, а режисерката на филмот сподели дека хемијата меѓу нив била толку силна, што некогаш морал да ги тера да ја прекинат сцената.