„Не ни даваа храна, ниту да одиме во тоалет“: Мрачната вистина зад America’s Next Top Model и креаторката Тајра Бенкс
Разговорот е навистина вознемирувачки и се гледа како Шенди е легната на подот и плаче.
Во документарецот, Тајра само вели дека продукцијата не била нејзина територија и не можела да го коментира инцидентот.
Лиса Дамато е поранешна победничка која одбила да зборува за документарецот, но споделува други детали за Daily Mail.
Првпат се појавила на шоуто во 2005 година, а потоа во 2011-та и вели дека целото искуство ја трауматизирало.
„Ова требаше да биде натпревар за модели, но беше психолошка војна. Беше страшно. Социјалните мрежи само што почнаа да се појавуваат и без разлика што правев, постојано бев напаѓана“.
Таа вели дека за неа, најзагрижувачко било психолошкото тестирање што им го правеле на учесничките.
„Им кажувавме сè за нашите животи. Си помислив дека ќе добијам вид терапија на шоуто.
Но, излезе дека овие информации ги користат против нас. Што и да откријат, запишуваат и потоа го користат за да нè скршат“.
Лиса вели дека морала да открие дека во детството била жртва на сексуално насилство, а продуцентите честопати го спомнувале тоа.
„Ме манипулираа и постојано зборуваа за мојата траума во интервјуата. Тајра им наредуваше да го прават ова.
Секојпат кога камерите беа исклучени, таа беше студена како мраз кон нас. Не зборуваше со никоја од нас освен ако не се снима. Воопшто не се грижеше“.
Друг проблем била и храната.
„Не нè хранеа доволно. Работевме по 10, 14 часа дневно и кога конечно ќе ни дадеа јадење, најчесто беше нешто како чипс или голема пица.
Ова беше уште една тактика за да нè манипулираат додека бевме опседнати со нашата тежина. Нè измачуваа ако не им се потчинуваме или ако се жалевме.
Не ни дозволуваа да одиме во тоалет. Нè оставаа да чекаме во автомобили по шест, седум, некогаш и десет часа. Не беше е хумано“.
Што се однесува до документарецот, Лиса е убедена дека Тајра има само корист од сето ова.
„Тајра може да се извинува цел ден, но тоа е истата стратегија, истата формула, парите ќе отидат на сметка на Тајра“.
Адриен Кари е првата победничка во шоуто која исто така разговарала со Daily Mail.
Потекнувала од мало гратче и мислела дека победата во шоуто ќе ѝ донесе финансиска стабилност.
Како победничка, ѝ било ветено дека ќе има договор со познат бренд и со тоа ќе ја започне својата кариера.
Но, по победата, со месеци не се случувало ништо.
„Девет месеци подоцна, конечно ме викнаа за да ме нашминкаат пред четворица директори. Тоа беше сè што освоив. Единствената корисна награда од шоуто беа 10.000 долари“.
На крај, Адриен кренала раце од желбата да стане модел и вели дека Тајра не е најголемиот виновник за нејзината ситуација.
„Тајра доаѓа од индустрија што ги јаде луѓето живи и преживеала. Нема да преживеете во вода со ајкули ако самите не сте најголемата ајкула. Тајра е продукт од нејзината околина“.
Сепак, Адриен вели дека никогаш не би се појавила во документарец за неа.
„Дефинитивно документарецот е за да се контролира штетата. Но, тоа е единственото нешто што можете да го добиете од Холивуд“.
Спирова С. | Црнобело