Девојката на Ерик Дејн објави нивни фотки - Му беше поддршка до смртта, покрај сопругата
И таа е активна во филмската индустрија
Џанел потекнува од Тексас и работи како фотографка и режисерка.
Главно режира музички спотови, а има фотографирано некои од најпознатите луѓе во Холивуд, како Џена Ортега, Пост Мелоун, Дуа Липа, Адриен Броди…
Претходно работела и како модел.
Со Ерик првпат се појавија како пар во јуни 2025-та, на премиерата на серијата Countdown.
Но, генерално се држеа настрана од јавност.
Има две деца
Џанел има две деца, но за нив не се знае скоро ништо, освен дека едното е момче и се вика Боуви.
Во објави на Инстаграм Стори има ставано фотки од децата заедно со Ерик, па јасно е дека биле блиски со актерот.

Биле заедно околу три години
Не е познато кога точно Ерик и Џанел ја почнале врската, но според некои извори, биле заедно околу три години.
Во овој период имало и моменти кога накратко биле разделени.
Јавноста, пак, дозна за нив дури откако актерот ја сподели дијагнозата со амиотрофична латерална склероза.
Не е познато во каков однос биле Џанел и сопругата на актерот.
Прочитајте и: Како сопругата му покажа љубов со еден потег на „доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy, кој почина на 53 години?
Спирова С. | Црнобело