Таа го тепала, а тој ја ограбувал, се разведуваа 4 години: Бурниот брак на Лајза Минели и Дејвид Гест
Тие се разделија по 16 месеци, а до крајот на истата година, Дејвид имаше поднесено тужба против Лајза.
Тој бараше 10 милиони долари оштета бидејќи Лајза била насилна поради алкохолизмот, но и бидејќи му љубоморела.
„Постојано ме удираше по главата со тупаници, одново и одново. Болката беше толку силна што ми ставија 80 инјекции. Не знам дали некогаш повторно ќе бидам ист“, тврдеше Дејвид.
Според него, првиот инцидент се случил кон крајот на 2001 година, пред Лајза да отиде на рехабилитација.
Извесен период било мирно, но околу пет месеци по свадбата, Лајза повторно му се вратила на порокот и продолжила со насилството.
Дејвид изјави дека последен пат го нападнала во 2003 година, откако наводно испила цело шише водка.
„Ми кажуваше сè, сите работи за коишто ме презирала. Велеше дека сум ја користел за да станам ѕвезда. Ме удирала и претходно, но никогаш толку силно на главата“.
Адвокатскиот тим на Лајза тврдеше дека Дејвид лаже, па таа му врати со контратужба во која тврдеше дека тој крадел пари од неа.
Лајза бараше оштета од 2 милиони долари.
Драмата со тужбите продолжи сè до 2007 година, кога Лајза и Дејвид конечно направија спогодба.
Разводот беше финализиран, иако не се познати детали од нивниот договор.
Дејвид почина во 2016 година од мозочен удар, додека Лајза неодамна реши да зборува за бурниот брак.
Во нејзините нови мемоари (кои уште не се објавени), Лајза тврди дека Дејвид почнал да го контролира секоја аспект од нејзиниот живот и дека ја „ограбувал“.
„Се чувствува предадено, понижено и повредено“, пишува Лајза.
Таа раскажува и неколку инциденти од бурниот брак. Според Лајза, Дејвид ја терал постојано да ѝ кажува каде е, а имал најмено и фотограф кој ја следел.
Кога еднаш фотографот ја „уловил“ на вечера со пријатели, Дејвид бил гневен бидејќи не му кажала дека ќе излегува сон нив.
„На хартија му бев сопруга, но во реалноста јас бев негова затвореничка. Ми стана јасно дека овој брак мора да заврши, и тоа што е можно побрзо“.
Лајза открива и дека Дејвид организирал раскошна роденденска забава за неа, за на крај да ја плати со нејзината кредитна картичка.
Истовремено, голем дел од подароците што ги добила ги вратил во продавниците и си ги задржал парите.
Актерката признава дека кога го запознала Дејвид била во лоша финансиска состојба бидејќи цела година не работела.
Но, Дејвид ѝ зборувал за неговите корисни контакти и неговиот успех, притоа ветувајќи ѝ дека ќе ѝ помогне ако се венча со него.
По финализирањето на разводот, Лајза никогаш повеќе не стапи во брак.
Прочитајте и: Бурниот живот на Лајза Минели: Сопругот ја изневерувал со мажи, 4 пати се разведувала
Спирова С. | Црнобело