„Кој е ова?“: Ким Кардашијан исмејувана за Фотошоп „утка“ – ја избриша фотката
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
На Инстаграм објава која е реклама за енергетски пијалаци, Ким Кардашијан воопшто не личи на себе. Па, откако ги видела шегите и коментарите на Твитер, ја избришала фотката што доби најмногу критики.

Сестрите Кардашијан-Џенер со години наназад се критикувани дека претеруваат со фотошопирање до тој степен, што на нивните фотки изгледаат непрепознатливо.
Моментално мета на критики е Ким Кардашијан и нејзини објави кои се реклама за енергетски пијалак.
Во склоп на кампањата, Ким сподели видео и неколку фотографии, а јасно е дека малку претерала со Фотошоп.
На фотографиите носот на Ким изгледа многу поразлично и ријалити ѕвездата воопшто не личи на себе.
Една од фотките беше споделена и на Твитер, со опис: „Кој е ова?“
Во коментари на објавата, твитерџиите коментираат дека Ким можеби користела вештачка интелигенција, а некои се убедени дека направила уште една операција (иако самата негира дека има отидено „под нож“).
„Секој ден има ново лице“.
„Не можам да поверувам дека ова е вистинска објава од неа“.
„Зошто си фотошопирала поголем нос? Нејзиниот е многу помал. Не можам да престанам да се смеам“.
„Чекајте, зарем ова е Ким?“
Некои, пак, велат дека и Ким станал жртва на утната пластична операција.
„Мислам дека има направено лоша операција на носот во 2013 година, откако ја роди Норт. И, сега пробува да го коригира со филери.
Но, мислам дека веќе нема назад… Тажно е што не си го сакаше нејзиниот природен нос“.
