„Кој е ова?“: Ким Кардашијан исмејувана за Фотошоп „утка“ – ја избриша фотката
Твитерџијата што ја сподели фотката потоа откри дека Ким ја избришала
„Зошто Ким а избриша фотографијата откако ја виде мојата објава?“
И, фотката на Ким навистина е тргната од профилот, но стојат другите на кои исто така не личи на себе.
Како што веќе спомнавме, веќе е норма Ким и нејзините сестри да прават Фотошоп утки.
На фотосесија од пред некоја година, Ким позира со сестра ѝ Кајли, а на стапалото има шест прсти.
И Кортни Кардашијан има објавено фотошопирана фотка која изгледа дури и бизарно, особена ако обрнете внимание на нозете.
Кајли Џенер, пак, има споделено фотка на која е очигледно дека си го средувала задникот бидејќи работ од базенот е искривен.
Како Ким, и Кортни Кардашијан има избришано фотка откако фановите ѝ посочија дека изгледа смешно – си го направила задникот преголем и непропорционален со телото.
Спирова С. | Црнобело
