Кели Озборн со „испиено“ лице, доби критики дека претерала со Оземпик: „Сурови сте“, им врати таа

„Ме клоцате додека сум падната, се сомневате во мојата болка. Моментално минувам низ најтешкиот период во мојот живот. Не треба ни да се бранам. Но, нема да седам тука и да дозволам да бидам дехуманизирана на таков начин,“ напишала Кели Озборн, откако почнаа јавните критки за сметка на нејзиниот изглед. 

keli-ozborn-so-ispieno-lice-dobi-kritiki-deka-preterala-so-ozempik-surovi-ste-im-vrati-taa-01.jpg

Пејачката и ријалити ѕвезда, Кели Озборн, се појави на доделувањето на наградите Brit Awards во Лондон послаба од било кога.

Таа дојде во придружба на својата мајка Шерон, за да ја земат наградата посхумно доделена на Ози Озборн.

keli-ozborn-so-ispieno-lice-dobi-kritiki-deka-preterala-so-ozempik-surovi-ste-im-vrati-taa-09.jpg

Но, јавноста беше изненадена од изгледот на Кели (41) и нејзината тенка става, но и „испиеното“ лице.

Нејзините образи се впиени навнатре, но линијата под јаболчиците е дополнително истакната со шминка, поради што таа изгледа уште послабо од она што е навистина.

keli-ozborn-so-ispieno-lice-dobi-kritiki-deka-preterala-so-ozempik-surovi-ste-im-vrati-taa-04.jpg

По ова тргнаа критиките на нејзина сметка - дека претерала со Оземпик (исто како и мајка ѝ), дека личи на дух, дека е страшна.

Кели сепак реши да не им остане должна на критичарите.

„Постои посебен вид на суровост кога повредувате некој што очигледно минува низ нешто.

Ме клоцате додека сум падната, се сомневате во мојата болка, ја ширите мојата борба како озборување и ми го вртите грбот кога најмногу ми требаат поддршка и љубов.

keli-ozborn-so-ispieno-lice-dobi-kritiki-deka-preterala-so-ozempik-surovi-ste-im-vrati-taa-06.jpg

Ништо од ова не докажува сила; само открива длабоко отсуство на сочувство и карактер.

Моментално минувам низ најтешкиот период во мојот живот. Не треба ни да се бранам.

Но, нема да седам тука и да дозволам да бидам дехуманизирана на таков начин,“ напишала Кели на Инстаграм Стори.

keli-ozborn-so-ispieno-lice-dobi-kritiki-deka-preterala-so-ozempik-surovi-ste-im-vrati-taa-02.jpg

Нејзиниот изглед стана тема на озборување уште на почетокот на годината, кога исто така, во придружба на мајка ѝ дојде на јавен настан, претерано ослабена.

Таа тврди дека причината за ова не е Оземпик, туку тагата и болката по починатиот татко, Ози Озборн.

keli-ozborn-so-ispieno-lice-dobi-kritiki-deka-preterala-so-ozempik-surovi-ste-im-vrati-taa-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава