Реакцијата на Џим Кери за гласините дека е заменет со клон: „Тажен е што луѓето се глупави“
Иако за некои целата драма е смешна, изворот додава дека Џим е разочаран.
„Ова е нешто за коешто Џим би требало да се смее, но глупавите заклучоци не се смешни.
Мрази што луѓето не зборуваат за она што е навистина важно. Целата ситуација за него е тажна“.
Во меѓувреме, мејкап артист за специјални ефекти додаде масло на огнот откако сподели објава во која тврди дека тој бил на настанот преправен во Џим Кери.
Објави и фотографија на која се гледа маска со ликот на актерот, црна перика и вилица, но фотката личи како да е направена со вештачка интелигенција.
Многу поверојатно е дека актерот не е заменет со двојник, туку дека има направено корекции на лицето. Па, неколку пластични хирурзи го споделија своето мислење.
Според д-р Џефри Спигел, еден од најпознатите пластични хирурзи во Масачусетс, Џим Кери дефинитивно има ставено ботокс.
„Овие третмани даваат одлични резултати кога се изведени правилно.
Но, на Џим Кери му ставиле ботокс кој е посоодветен за женско лице, па затоа веѓите му изгледаат малку чудно“.
Докторот вели дека е очигледна промена и во образите на актерот.
„Ова веројатно е поради лошо изведен фејслифтинг. Ваквите резултати (како на Џим Кери) откриваат зошто е важно да се оди само кај искуси пластични хирурзи кои ги знаат разликите меѓу машката и женската анатомија на лицето“, додава докторот.
За потсетување, Џим Кери веќе подолг период се држи настрана од јавност. Имаше направено и пауза од актерската кариера, но од 2020-та се појави во неколкуте продолженија од филмот Sonic the Hedgehog.
За одлуката да се дистанцира, актерот само има изјавено дека си го сака својот мирен живот.
Прочитајте повеќе: Бизарна теорија на заговор за чудниот изглед на Џим Кери во Париз: „Го замениле со клон, знаеше премногу“
Спирова С. | Црнобело