Жена пукала со пиштол кон домот на Ријана додека пејачката била внатре – хеликоптер и полициски возила пред нејзината раскошна куќа (фото)
Ријана и Ејсап Роки живеат на Беверли Хилс со нивните три деца, а нивниот дом се проценува на 14 милиони долари.
Куќата има пет спални, седум бањи, базен и двор, а парот ја купи во 2021 година.
Во истото соседство живеат и низа други ѕвезди, како Пол Мекартни, Мараја Кери и Мадона.
Извесен период Ејсап Роки и Ријана ја изнајмуваа куќата за 80.000 долари месечно и тогаш живееја во друга куќа на истата улица.
Не е познато кога точно се вратиле во постарата куќа.
Ријана и Ејсап Роки се заедно веќе шест години. Првото дете го добија во 2022-ра, а следната година пејачката откри дека е бремена додека настапуваше на Super Bowl.
Во 2025 година тие добија и трето дете.
Прочитајте и: Ријана сама пазари во маркет и покрај тоа што е милијардерка – Одбира овошје и зеленчук, се смее со купувачите (фото)
Спирова С. | Црнобело