Роналдо во Мадрид, а Џорџина на ревија во Рим, откако скришно избегаа од војната во Саудиска Арабија со приватен авион
Бројни туристи, но и жители на земјите од Блискиот Исток веќе се евакуирани, а меѓу нив се и Роналдо и Џорџина.
Пред десетина дена, Џорџина и Роналдо избегале од Саудиска Арабија среде ноќ, со приватниот авион на фудбалерот.
Тие беа лоцирани во Ријад, кој беше мета на ирански дронови, а во еден од нападите беше погодена и американската амбасада.
Роналдо и Џорџина не спомнаа ништо за војната, но странските медиуми споделуваат дека според добиените податоци, Роналдо и Џорџина ја напуштиле Саудиска Арабија на почетокот од март, во 20 часот.
Летале речиси седум часа, сè до Мадрид.
Роналдо го купи приватниот авион во 2024-та, по цена од 60-тина милиони долари.
Авионот има капацитет за 15 патници, а има и неколку различни простории, како дневна соба, спална, па дури и бања опремена со туш-кабина.
Џорџина честопати сама лета со авионот, а не пропушта можност и да се пофали на Инстаграм.
Од речиси секое патување, Џорџина споделува и фотка направена во приватниот авион.
Не е познато каде точно престојуваат Роналдо и Џорџина по бегството од Саудиска Арабија, но бидејќи слетаа во Шпанија, сосема возможно е да се стационирани во Мадрид.
Сепак, се очекува Роналдо да се вати во Саудиска Арабија кон крајот на март поради обврски.
Џорџина и нивните деца поверојатно е да останат во Мадрид додека да се смири ситуацијата на Блискиот Исток.
Спирова С. | Црнобело