„Едвај се движи во штиклите за стриптиз и тесниот фустан“ – Ким Кардашијан во проблематичен аутфит по Оскари 2026 (видео)
- Детали
- вторник, 17 март 2026
„Личи на порно ѕвезда / Дали некој ја виде како се движи?“ – Ким Кардашијан е мета на потсмев повторно, откако на афтер забавата по Оскари се појави во тесен златен фустан и огромни штикли за стриптиз во кои едвај се движи како што се гледа на видеата.

Во неделата вечер се одржа 98-мото издание на Оскарите, а на Vanity Fair забавата по настанот, се појавија голем број познати кои модно издоминираа.
Меѓу нив беше и Ким Кардашијан, која изгледаше впечатливо, облечена во тесен и долг златен фустан, искомбиниран со огромни, високи штикли, кои DailyMail ги класифицира како штикли за стриптиз.

Ким очигледно сака само да изгледа добро и не се грижи многу за тоа дали ќе може да се движи во аутфитите, па како многу пати досега, повторно и на овој настан ѝ беше тешко одењето.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како полека и едвај се движи по црвениот тепих за да позира, а во коментари иако има и пофалби, повеќето се потсмеваат.
„Изгледа добро, но не изгледа како да ѝ е удобно во овие чевли, чекорите ѝ се со сила. Но таа разбира мода...“
„Зошто девојките носат облека во која не им е удобно да се движат? Дали некој забележа како таа се движи? Не може ни да оди нормално...“

„Малку делува како порно ѕвезда. Не знам дали тоа ѝ било целта“.
„Изгледа гламурозно во златно“.
Погледнете го видеото:
Погледнете и Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот
М. М. | Црнобело