Дениз Ричардс (55) покажа како изгледа пред и по операцијата за фејслифтинг: „Сакав да ги вратам работите на свое место“
„Изгледа посмирено, посреќно и посјајно. Ако погледнете во фотографиите по операцијата, ќе видите дека контурите на челото се променети и изгледа помладо.

Нејзините прекрасни очи се освежени и изгледаат прочистено, но не целосно променето. Тажниот и изморен изглед околу очите и устата е неутрализиран и обновен.

Нејзиниот врат и горно деколте сега блескаат, а делот измеѓу веѓите сега изгледа релаксирано. Благодарен сум ѝ на Дениз што е толку отворена за процедурата.
Таа помина низ многу работи минатата година, има златно срце, а сега и златното лице е повторно нејзино“ – напиша пластичниот хирург до фотките од трансформацијата.


Прочитајте и „Ме давеше, ми се закануваше дека ќе ме убие“: Дениз Ричардс го обвини сопругот за насилство, откако тој побара развод
М. М. | Црнобело