Ја користел за пари, го барала по улици кога се дрогирал: Што сè преживеа Клои Кардашијан со Ламар Одом?
- Детали
- недела, 05 април 2026
Во седумте години што беа заедно, Ламар ја изневеруваше Клои, постојано користеше дрога, се предозираше... Клои, пак, го барала по улици и мотели кога се дрогирал, а ги чистела хотелските соби по него за да ја скрие неговата зависност.

Иако е успешен поранешен кошаркар, Ламар Одом ќе остане запомнет како проблематичниот поранешен сопруг на Клои Кардашијан.
Во седумте години што беа во брак, ѝ приреди бројни трауми на Клои, што некои се чудат како воопшто зборува со него.
Неодамна на Нетфликс беше објавен документарец за неговиот живот – Untold: The Death and Life of Lamar Odom – во кој има детали не само за бракот, туку и другите скандали на кошаркарот.
„Имав 12 мозочни удари и шест инфаркти. Тоа е далеку над просекот. Три дена бев мртов. Но, се извлеков“, зборува Ламар за периодот кога се предозира со дрога.
Притоа, и самата Клои гостува во документарецот и се присетува на некои од најтрауматичните моменти од бракот со него.
Најскандалозните откритија во документарецот на Ламар:
Се оженил со Клои бидејќи сакал слава и пари
Кога се венчаа во 2009 година, Клои Кардашијан веќе беше позната благодарение на реалното шоу на нејзиното семејство.
Уште тогаш негов пријател сподели дека Ламар сакал да ја искористи оваа популарност:
„Она што го прави е бидејќи сака да си ги подобри шансите за иднината. Кардашијанс познаваат луѓе и имаат многу конекции“.
Во документарецот и Ламар го признава ова:
„Гледав како живее и каков им е животот и си помислив дека и јас сакам да живеам така“.
Според 28-годишната ќерка на Ламар, што ја има добиено со друга жена, тој отсекогаш сакал да биде ТВ ѕвезда:
„Ја сакаше Клои, но долго пред тоа сакаше да биде во реално шоу“.
Ја изневеруваше Клои
Клои и Ламар и претходно имаат зборувано за неверствата, а сега кошаркарот сподели дека бил ужасна личност.
„Зошто сум се венчал со оваа жена, и тоа на телевизија, а потоа сум одел да ја изневерувам?
Клои, пак, се присетува на ноќ кога бил под дејство на дрога и бил со друга жена. Бидејќи бил многу издрогиран, жената испаничила и ѝ се јавила на Клои.
Ѝ рекла дека спиела со него, но дека бил исплашена бидејќи не реагирал. Потоа ја замолила да дојде и да го однесе дома.
Ни ова понижување не било доволно за Клои да го остави.
Го барала по улици и мотели
Ламар честопати исчезнувал од дома и одел да се дрогира, а Клои вели дека многупати излегувала да го бара „по улички и мотели“.
Таа додава и дека одела да ги чисти неговите хотелски соби бидејќи Ламар оставал дрога. Па, за да го заштити од јавноста, пробувала да ја прикрие неговата зависност.