Ја користел за пари, го барала по улици кога се дрогирал: Што сè преживеа Клои Кардашијан со Ламар Одом?
Клои имал несоница додека била со него
Кога зависноста на Ламар почнала да се влошува, Клои имал само 24 години.
Па, од сегашна перспектива, вели дека веројатно била премногу млада за да сфати колку е токсичен бракот.
„Се сеќавам дека ги чував сите овие тајни и се чувствував одвратно. Тој беше моја прва љубов и пробав да го оправдам неговото однесување.
Се борев секој ден за да го заштитам, да не дозволам да биде фатен, што звучи навистина лудо. Со години не спиев“.
Клои не сакала да се разведат
Во јули 2015 година, Ламар и Клои ги потпишаа документите за развод.
Клои откри дека семејството ја советувало да се разведе, а таа му дала услов на Ламар – или да оди на рехабилитација, или да се разделат.
Ламар без двоумење рекол дека сака да се разведат, но Клои се надевала дека ќе останат заедно.
Го сонувала мртов пред да се предозира
Во октомври 2015 година, Ламар Одом беше хоспитализиран откако се предозирал во бордел во Невада. Бил на интензивна нега, во кома.
Ноќта пред да дознае за предозирањето, Клои открива дека го сонувала мртов.
Утрото се разбудила и отишла на фотосесија, а кога завршила видела дека сестра ѝ Ким ѝ ѕвонела трипати.
„Влегов во автомобилот, ѝ се јавив на Ким и ми кажа дека Ламар се предозирал, дека е во Лас Вегас. Само се сеќавам дека почнав да викам на глас“.
Таткото на Ламар сакал да му ја исклучи животната поддршка
Како Ламар, и татко му бил зависник од дрога, а го напуштил семејство уште кога кошаркарот бил многу млад.
Кога Клои отишла да го посети Ламар, татко му веќе бил во болницата.
„Си помислив дека е овде да го види. Но, рече ’Не го ставајте на животна поддршка, исклучете ги машините‘. Се сеќавам дека му реков дека јас уште сум му сопруга и го прашав што сака“.
Дотогаш Клои и Ламар имаа потпишано документи за развод, но процедурата беше паузирана поради предозирањето.
Таткото на Ламар ѝ побарал патики, 100 долари и хотелска соба за една ноќ. Клои му ги исполнила барањата и тој веќе не се вратил во болницата.
Во болницата владеел вистински хаос
Ламар поминал околу четири месеци во болница по предозирањето, а на почетокот многу луѓе му доаѓале на посета.
„Набрзо сфатив дека тројца од нив се дилери на дрога кои сакаа пари, па пребаруваа по личните предмети на Ламар“, споделува Клои.
По овој инцидент, Клои не дозволувала непознати луѓе да го посетуваат.
Ламар веднаш му се вратил на порокот
По пуштањето од болница, на Ламар му била потребна помош. Па, Клои најмила куќа, негувателка, па и готвач за да му помогне да се врати на нозе.
Но, додека заздравувал, Клои го затекнала како седи во спалната соба и пуши крек.
„Тогаш му удрив бокс. Јас си го ставив целиот живот на пауза за да се грижам за него…
Тогаш сфатив дека ме манипулира за да продолжам да се грижам за него“, сподели Клои.
По овој инцидент, Клои го избркала од куќата.
„Му реков ’Готово е. Веќе не плаќам ништо за тебе и никогаш не сакам да зборувам со тебе‘“.
И, ова и официјално го означува крајот на нивниот брак.
Спирова С. | Црнобело