„Ни се гледа стравот во очите“: Бизарни фотки од Мајкл Џексон со децата кои наводно биле негови жртви
Следната година, од богатството на Мајкл на Френк му беа исплатени над 3 милиони долари.
Целиот случај е навистина заплеткан, па сега има тужба од неколку членови од семејството Касио.
Тие го нарекуваат Мајкл „сериски предатор“ и некои тврдат дека Мајкл ги малтретирал уште кога имале седум-осум години.
Неодамна, Daily Mail сподели фотографии од Мајкл со семејството кои наводно ги потврдувале нивните обвиненија.
На дел од фотографите едно од децата му седи во скут на Мајкл, а има и фотка каде што Мајкл држи во раце дете во костим за капење.
„Можам само да замислам дека мојот израз покажува што сум чувствувал во тој момент. Претпоставувам дека см пробувал да ја процесирам траумата што сум ја трпел.
Гледам страв и збунетиот за она што ми се случувало“, вели една од личностите која е на старите фотки.
Според последната тужба, Мајкл ги дрогирал и ги силувал сите деца од семејството, а наводно ги натерал и да потпишат договори со кои успеала да ги замолчи.
Адвокатскиот тим што го брани имотот на Мајкл Џексон вели дека тужбите се очаен обид за изнудување пари и истакнуваат дека целото семејство уживало кога било со пејачот.
Како што спомнавме, Мајкл почнал да се зближува со семејството во 1984-та, а фотографиите објавени на Daily Mail биле направени кон крајот на 1990-тите.
„Чувствувам очај бидејќи знам што виделе децата во тие фотографии и искусиле работи што никој не треба да ги помин.
Чувствувам гнев бидејќи сега и јас имам деца и не можам да замислам некој да им го прави она што ми го правел мене“, вели една од личностите на фотографиите за Daily Mail која смета дека стравот им се гледа и во очите.
Но, најчудно во целата ситуација е што семејството Касио го бранеше Мајкл Џексон кога тој претходно се соочуваше со тужби за силување и педофилија.
Тие дури гостуваа и во шоуто на Опра каде што пробуваа да го одбранат пејачот од обвиненијата.
Во шоуто зборуваа и децата, кои тогаш, во 2010-та, веќе беа возрасни.
„Секогаш уживаше во семејни вечери со нас и сакаше да биде дел од семејството. Пред секој оброк нè тераше да се молиме, а потоа сите разговаравме за работите за коишто сме благодарни.
Овие сеќавања што ги имаме се бесценети бидејќи Мајкл беше таква личност“, изјави едно од децата.
Во разговорот со Опра, истакнуваат дека Мајкл бил мета на неосновани обвиненија од луѓе кои само ги сакале неговите пари.
За ова се има огласено и адвокатскиот тим што го штити имотот на пејачот:
„Со децении, семејството Касио тврдеше дека Мајкл Џексон никогаш не ги повредил нив ниту кој било друг.
Овде спаѓаат и нивните изјави во шоуто на Опра Винфри од 2010 година, кои се потполно различни од нивните сегашни тврдења“.
Според тимот, семејството барало дури 213 милиони долари и се заканувало со уште тужби ако не ги добијат парите.
Засега адвокатскиот тим на пејачот не открива други детали.
Спирова С. | Црнобело