Ким Кардашијан мета на шеги за свечениот фустан на велигденски ручек: „Да не слави матурска вечер?“
- Детали
- четврток, 09 април 2026
„Најсмешни ми се Ким со долгиот фустан и Клои со пижамата“ – Кардашијанс, особено Ким, (повторно) се мета на шеги поради стајлингот. За семејниот велигденски ручек, Ким носи свечен фустан, Клои е со бел комбинезон со црни точки, а Крис Џенер носи розово здолниште со карнери.

Како и многупати претходно, Ким Кардашијан деновиве е мета на шеги поради нејзиниот аутфит.
Ким и нејзиното семејство се католици, па го славеа Велигден минатиот викенд.
Кланот Кардашијан-Џенер го помина празникот во огромната куќа на Крис Џенер, а од прославата споделија и неколку фотки.
Покрај раскошната велигденска трпеза, ријалити ѕвездите ги покажаа и нивните аутфити.
Иако сите беа дотерани, несомнено најмногу внимание привлече стајлингот на Ким Кардашијан.
45-годишната ријалити ѕвезда носеше долг, винтиџ Cavalli фустан, украсен со везови со скапоцени камења, во комбинација со розова крзнена наметка.
Или, како што коментираат некои, била облечена како за на модна писта.
„Јас кога си играм со фустаните на баба ми на 8-годишна возраст“.
„Замислете да отидете на велигденски ручек со свечен фустан“.
„Ким изгледа ако да носи венчаница, но дефинитивно сум ја видела и во полошо издание“.
„Зошто Ким носи фустан за матурска вечер?“
Некои се шегуваат и за аутфитите на другите жени.
Клои носи бел комбинезон со црни точки, додека Крис Џенер е во долго розово здолниште со карнери и црна тесна блуза.
Кајли Џенер е можеби во најлежерно издание, со кошула со карнери и бели фармерки.
„Најсмешни ми се Ким со долгиот фустан и Клои со пижамата“.
„Ми се доаѓа аутфитот на Крис, другите се смешни“.
„Сите се облечени како да ќе одат на различен настан“.
„Многу ме интересира каков им бил дрес кодот“.
Секако, има и комплименти за стајлингот на славното семејство, особено за Клои.
„Многу ми се доаѓа стајлингот на Клои“.
„Мислам дека стајлингот на Клои е совршен за велигденски ручек“.
„Крис секогаш изгледа најдобро“.
„Не ми е гајле што мислите, Ким изгледа прекрасно“.
