Што се случи со Ребека Блек по легендарната песна Friday: Добиваше смртни закани, денес зрачи самодоверба и има девојка
- Детали
- сабота, 30 мај 2026
15 години по легендарната Friday која беше прогласена за најлошата песна на сите времиња, Ребека Блек успеа да изгради репутација на квалитетен артист, да си ја врати самодовербата, но и да најде љубов.

Во 2011 година имаше низ големи случувања во поп културата, како свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, последниот филм од серијалот „Хари Потер“ и многуте скандали на Чарли Шин.
Но, за помладите генерации, годината дефинитивно ја одбележа песната Friday на Ребека Блек.
Тогаш 13-годишната Ребека стана интернет сензација преку ноќ, а Friday беше нарекувана најлошата песна на сите времиња.
Песната била снимена од мала продукциска куќа, а мајката на Ребека платила 4.000 долари за оваа „почест“.
Песната, заедно со спотот, почна да се споделува вирално и доминираше на социјалните мрежи, а поради многуте шеги, но и злобни коментари, видеото беше тргнато од Јутјуб.
Само неколку месеци подоцна, песната повторно се најде на каналот на Ребека и до денес има дури 179 милиони прегледи.
Оттогаш Ребека успеа да се оттргне од песната и да изгради релативно успешна кариера, но за неа патот бил трнлив, особено кога ќе се земе предвид дека била само дете кога целиот интернет ја исмејувал.
Што се случи со Ребека откако ја издаде легендарната Friday?
Не ги очекувала негативните реакции
Ребека Блек беше мета на критики, но и говор на омраза, а не ја очекувала таквата реакција.
„Навистина ме шокираа злобните коментари. На моменти се чувствував како да сум жртва на сајбер булинг“, сподели тогаш пејачката.
Кога гостуваше во емисија, Ребека беше прашана за најлошите коментари што го слушнала за себе и она што го сподели навистина звучи ужасно:
„Се надевале дека ќе се самоповредувам, дека ќе сум развиела нарушување во исхраната за да бидам убава…
Кога првпат ги видов злобните коментари, навистина плачев. Не мислам дека сум најлошата пејачка, но секако не мислам ни дека сум најдобрата“.
Добивала смртни закани
Покрај одвратните коментари, Ребека добивала и смртни закани.
Полицијата дури почнала истрага за заканувачки мејл испратен до продукциската куќа што ја издаде песната. Но, никој не бил уапсен.
„Луѓето мислат дека можат да се извлечат со ваквите смртни закани бидејќи обично се извлекуваат.
Смртните закани се кривично дело, но кога се насочени кон луѓе како Џастин Бибер или Ребека Блек, луѓето како да ги игнорираат, ги сметат за неважни“, сподели тогаш експерт за онлајн безбедност кој работел на истрагата.