Што се случи со Ребека Блек по легендарната песна Friday: Добиваше смртни закани, денес зрачи самодоверба и има девојка
Радиоводител ѝ помогна да си ја подобри репутацијата
Американскиот радиоводител Рајан Сикрест ѝ направи огромна услуга на Ребека кога ја покани во неговата емисија.
Тој се однесувал и како нејзин ментор, а и направил и профил на Твитер.
Дотогаш Ребека имаше заработено околу 20.000 долари од Friday, но сега, со вистински менаџер, ѝ станало многу полесно да почне да гради некаква кариера.
И Кети Пери одлучи да ѝ помогне
Неколку месеци по издавањето на Friday, Кети Пери реши да ѝ помогне на младата пејачка, па ја покани да гостува во нејзиниот трет студиски албум. Таа имаше и мала улога во нејзин музички спот.
Потоа, таа ја повика Ребека на сцена на нејзин концерт и заедно ја испеаја Friday.
Сето ова се одрази позитивно врз Ребека и нејзината музичка кариера.
Песната сепак и носеше заработка
Без разлика што ја нарекуваа најлошата песна во светот, Friday ѝ носеше прилично голема заработка на Ребека.
Но, проблемот беше што правата за песната беа на продукциската куќа што ја издаде, а тие продолжиле да ја користат Ребека за да заработуваат од неа.
Поради ова, мајка ѝ на Ребека одлучи да оди на суд.
Мајка ѝ тврдеше дека тие ја експлоатираат Ребека со песна што е всушност нејзина.
Но, адвокатскиот тим на продукциската куќа изјави дека песната сепак им припаѓа нив.
Сними уште една песна
Ребека соработуваше со другa продукциска куќа, но песните што ги издаде со нив не постигнаа никаков успех.
Потоа самостојно одлучи да издаде „продолжение“ на Friday, насловено Saturday каде што дури и се шегува за првата песна.
Овој пат критичарите беа поблаги и иако песната не беше хит, сепак и донесе заработка на Ребека, но и нова популарност.
Направи целосна трансформација
По Saturday, Ребека се повлече од јавниот живот сè до 2016-та, кога се појави на доделувањето на American Music Awards.
Тогаш 19-годишната Ребека изгледаше одлично и доби само комплименти.
Следната година издаде неколку песни кои овој пат беа мошне добро прифатени.
Секако, не беа популарни како Friday, но ѝ помогнаа на Ребека да се покаже како квалитетен артист.
Во 2023-та, пак, го издаде својот прв албум, а во меѓувреме почна да работи и како диџеј.
Има неколку значајни настапи зад себе, како на фестивалот Lollapalooza.
Има девојка
Ребека Блек откри дека е квир и повремено зборува за нејзиниот љубовен живот.
Пред две-три години, таа сподели дека е во врска со музичарката Вероника Виман.
„Таа ми е најдобра пријателка во секоја смисла на зборот. Никој не ми давал поголема поддршка од неа“, има изјавено пејачката.
Спирова С. | Црнобело