Тој е единствениот маж кој го бакнала: Зошто Селин Дион не сака да се премажи по смртта на сопругот Рене?
- Детали
- понеделник, 13 април 2026
Селин Дион и музичкиот продуцент Рене Анжелил се венчаа во 1994-та и беа во брак сè до неговата смрт во 2016-та. Истовремено, Рене ѝ беше менаџер на Селин, а нивниот брак важеше за еден од најстабилните во музичката индустрија. Но, на почетокот ја криеја врската бидејќи Селин имаше 19, а Рене 45 години.

Селин Дион и Рене Анжелил беа во брак повеќе од две децении, сè до смртта на музичкиот продуцент во 2016 година.
Славниот пар беше пример за стабилен и среќен брак, а откако Рене почина по долга битка со рак, Селин не ни помисли да се премажи, ниту да почне врска со друг маж.
Неколку години по трагедијата, пејачката самата потврди дека не бара љубов, но ако случајно ја најде, можеби ќе ја прифати.
„Јас не одам на состаноци. Немам дечко, но не значи дека нема да сретнам посебна личност. Ако сретнам, супер. Ако не сретнам никој, исто така супер.
Јас уште сум вљубена во Рене. Целиот живот го поминав со него. Тој уште е со мене“, изјави Селин.
Во една пригода, таа призна и дека тој бил единствениот којшто го бакнала.
Детали за големата љубов на Селин Дион и Рене:
Го запознала кога имала само 12 години
Ова е веројатно единствениот детаљ од нивната врска што јавноста го смета за проблематичен. Кога се запознале, Селин имала 12, а Рене 38 години.
Дотогаш Рене веќе бил успешен музички продуцент во Канада, а Селин и нејзиното семејство му испратиле снимка од нејзината прва песна.
Откако ја слушнал снимката, Рене ја викнал Селин за да ја слушне во живо и останатото е историја.
Рене ѝ станал менаџер и ѝ помогнал да ја лансира музичката кариера и нивната соработка траеше додека продуцентот не почина.
На почетокот нивниот однос бил строго професионален, но Селин вели дека почнала да чувствува нешто повеќе околу 18-тиот роденден.
„Имав околу 17, 18 години кога почнаа да се менуваат моите чувства кон него. Почнав да го гледам поразлично“, има изјавено пејачката.
Тие ја почнаа врската кога Селин имаше 19, а Рене 45 години.
Неколку години ја криеја врската
Рене и Селин успешно ја криеја врската цели пет години. Тие исто така ја скрија и свршувачката во 1991 година.
Како што има изјавено самата Селин, се плашела од реакциите на јавноста поради големата возрасна разлика.
Сепак, потоа пејачката самата одлучила дека е време да споделат. Тие открија дека се заедно и дека се вршени во 1994-та, а се венчаа во декември истата година.
Мајка ѝ на Селин не сакала да се венчаат
Во интервју од 2013-та, Селин откри дека нејзината мајка многу се противела на врската со Рене.
„Ѝ беше навистина тешко. Кога ѝ кажав дека имам силни чувства за Рене, сакаше да го убие и пробуваше да ме натера да се премислам.
На почетокот бев гневна, но таа само сакаше да ме натера да сфатам дека тој претходно двапати бил во брак, дека имаше три деца и дека бил неодговорен. Ми рече дека за мене сакала совршен маж“.
Сепак, со текот на времето, Селин вели дека целото нејзино семејство се вљубило во Рене, а мајка ѝ го прифатила.