Тој е единствениот маж кој го бакнала: Зошто Селин Дион не сака да се премажи по смртта на сопругот Рене?
Направија раскошна свадба
Селин и Рене се венчаа во базиликата Нотр Дам во Монтреал и направија свадба која може да се опише само како кралска.
Свадбата беше емитувана на канадска национална телевизија, а Селин носеше венчаница чија изработка траела 1.000 часа.
Рене ја убедил да ја отпее My Heart Will Go On
My Heart Will Go On која е снимена за филмот Titanic останува запомнета како една од најпознатите песни на Селин Дион, а со неа освои и Оскар. Но, ако не бил Рене, таа воопшто немало да ја отпее.
„Не сакав да ја пеам. Навистина не ми се допаѓаше песната на почетокот. Не бев сигурна. Имав снимено песна за филм и беше успешна, па мислев дека си ја тестираме среќата.
Но, Рене ми рече прво да снимиме демо верзија, па ќе видиме што понатаму. Демо верзијата е снимката што беше искористена – немаше потреба да ја снимам уште еднаш“.
Имаа проблеми со плодност
Иако сакале деца уште на почетокот, на Рене и Селин им било тешко да зачнат. Кога им се роди првото дете, Рене-Чарлс, тие искористија асистирано оплодување.
На почетокот од 2010-та пејачката повторно остана бремена, но имаше спонтан абортус.
„Тоа е животот. Многу луѓе минуваат низ ова. Четирипати пробавме да добиеме дете. Уште се обидуваме.
Сега сме на петтиот обид и ќе ти кажам дека пет е мојот среќен број“, сподели Селин во интервју со Опра Винфри.
Набрзо потоа, таа остана бремена со асистирано оплодување и до крајот на годината со Рене добија и близнаци.
Рене имаше сериозни проблеми со здравјето
Здравствените проблеми на Рене како да одбележаа голем дел бракот на парот.
Во 1999 година, тој доби дијагноза за рак на грлото. За да се грижи за него, Селин направи двегодишна пауза од кариерата.
Во 2014-та, пак, пејачката ги откажа сите настапи откако болеста на Рене повторно се врати.
„Сакам да ја посветам целата сила и енергија во лекувањето на мојот сопруг, а за да го направам тоа, важно е да го посветам целото мое време на него и нашите деца“, гласеше емотивната изјава на пејачката.
До 2015-та, Селин откри дека состојбата на Рене значително се влошила и веќе не можел да јаде.
„Не може да ја користи устата, не може да јаде, па јас го хранам. Има цевка за хранење и јас го хранам трипати дневно“.
И нивниот брак имал проблеми
Иако во јавност секогаш изгледаа вљубено и среќно, Селин признава дека и тие имале проблеми како и секој пар.
„Поминавме низ тешки периоди. Не беше секогаш лесно. Имало и напнати моменти меѓу нас.
Бракот не е лесен, а покрај тоа, ние бевме и бизнис партнери, па моравме да се справуваме и со дополнителниот притисок од концерти, турнеи, патувања… Беше тешко и работевме многу на нашиот брак“.
Но, пејачката истакна дека комуникацијата меѓу нив секогаш била одлична и ова им помагало да ги надминат тешките периоди.
Спирова С. | Црнобело