Бившиот ѝ го одзеде детето, речиси умре од мозочен удар: Најтрагичните моменти од животот на Шерон Стоун
- Детали
- сабота, 18 април 2026
Шерон Стоун, но и нејзината сестра, биле сексуално малтретирани од нивниот дедо. Бидејќи актерката била мала, сфатила што ѝ се случувало многу години подоцна, кога разговарала со психијатар.

Шерон Стоун доминира во Холивуд со години, а и во седмата деценија од животот изгледа беспрекорно.
За многумина, Шерон е идол и инспирација и нема ни потреба да се коментира за нејзиниот успех.
Но, иако на професионално поле ја следи среќа, приватно актерката се соочила со премногу трагедии.
Дел од најтрагичните моменти од нејзиниот живот:
Била жртва на педофил
Шерон Стоун, но и нејзината сестра, биле сексуално малтретирани од нивниот дедо.
Бидејќи актерката била мала, сфатила што ѝ се случувало многу години подоцна, кога разговарала со психијатар.
„Сфатив дека малтретирањето се случило кога сум била многу, многу мала. Ментално сум ги блокирала траумите“, сподели актерката.
Дедо ѝ починал кога актерката имала 14 години и таа вели дека на погребот била среќна што повеќе не е жив.
Со сестра ѝ зборувале за траумите дури во 20-тите години од животот, а актерката вели дека ни мајка им не била свесна што се случува.
„Нашата мајка не знаеше за перверзното однесување на татко ѝ… Го мразеше“.
Нема среќа во љубовта
По вториот развод во раните 2000-ти, Шерон вели дека била разочарана од себе и нејзиниот љубовен живот.
Шерон имаше врска и со комичарот Гери Шендлинг и иако раскинаа, останаа блиски. Но, тој почина во 2016 година, а актерката тешко се справила со смртта:
„Ми се чини дека сите жени од моето семејство, кога ќе најдеме некоја добра личност, ја губиме. Гери секогаш ќе ми биде како семејство“.
Пред неколку години, Шерон сподели дека кренала раце од љубовта бидејќи многупати завршила со скршено срце.
„Веќе не одам на состаноци. Мислам дека луѓето се неискрени, па не вреди да си го трошам времето“.
Го изгуби старателството над син ѝ
Во 2008 година, Шерон Стоун водеше жестока судска битка за старателството над нејзиниот најстар син.
Поранешниот сопруг со кој го доби детето ја обвини дека лажела за медицинската состојба на детето.
Актерката верувала дека син ѝ има проблеми со ’рбетниот столб, па инсистирала на лек за тоа.
На крај, судот одлучи дека Шерон не е поспособна да биде мајка, па го изгуби старателството.
Во емотивно интервју, Шерон откри дека многу тешко се справила со ова и по цел ден плачела откако морала да се збогува со син ѝ.
Оттогаш успеа да се избори и да го врати старателството, но вели дека траумата од тој период ја прогонува до денес.
Преживеа сериозен мозочен удар
Во 2001 година, Шерон Стоун имаше мозочен удар по кој имала само 1% шанси за преживување.
Заздравувањето траело со години и актерката вели дека до денес чувствува последици.
Шерон има откриено дека првпат почнала да забележува предупредувачки симптоми уште додека го снимала Basic Instinct. Лекарите не ѝ верувале и ѝ велеле дека симптомите се од користење дрога. Но, Шерон воопшто не користела.
Не може да има деца
Шерон Стоун има три посвоени деца, а откри дека не може да роди поради автоимуна болест.
„Имав три спонтани абортуси во петтиот месец од бременоста и никој не можеше да ми објасни зошто“, сподели актерката, но не откри каква точно болест има.
Во друго интервју таа има изјавено дека страда и од ендометриоза, што дополнително го отежнува забременувањето.
Спирова С. | Црнобело