Вирално видео: Оливија Вајлд преслаба на премиера на филм - „Изгледа како да ѝ паѓа и косата“

Наместо со новиот филм, деновиве Оливија Вајлд привлекува внимание со преслабиот изглед. Додека некои велат дека само „старее“, други истакнуваат дека на 42 години актерката не е воопшто стара и изгледа неисхрането.

viralno-video-olivija-vajld-preslaba-na-premiera-na-film-izgleda-kako-da-pagja-i-kosata-01.jpg

Периодов на социјалните мрежи често се коментира за преслабиот изглед на некои актерки како Деми Мур.

Сега, од истата причина, во центар на вниманието се најде и Оливија Вајлд, која на промоцијата на нејзиниот нов филм изгледа послабо од кога било.

Од премиерата на филмот The Invite вирално се споделува видео на кое актерката разговара со новинарка.

viralno-video-olivija-vajld-preslaba-na-premiera-na-film-izgleda-kako-da-pagja-i-kosata-04.JPG

Таа е снимена одблиску и зборува за новиот филм, но целиот фокус на јавноста е преслабиот изглед на актерката.

Некои мислат дека како и многу други славни жени, и таа почнала да користи лекови за слабеење како Оземпик, без разлика што отсекогаш била во топ форма.

Сепак, некои сметаат дека актерката изгледа само малку остарено бидејќи има 42 години.

„Само да ви кажам дека сигурно не користи Оземпик – веќе не е 2008 година и сега е малку остарена“.

„Боже, па отсекогаш била слаба, само што почнува да старее“.

viralno-video-olivija-vajld-preslaba-na-premiera-na-film-izgleda-kako-da-pagja-i-kosata-02.JPG

Но, некои истакнуваат дека на 42 години, актерката не е воопшто стара и не би требало да изгледа така.

„Дали мислите дека 42 е исто со 62 години?“

„Со 42 години, Оливија не е воопшто стара“.

„Не верувам дека е таа, сигурно видеото е лажно“.

„Многу е слаба. Сепак, не можеме да знаеме дали има проблеми со здравјето бидејќи не знаеме што се случува со нејзиниот живот“.

„Ми изгледа и како да ѝ паѓа косата. Можеби е поради неисхранетост“.

„Не изгледаше вака пред само неколку години. Образите ѝ се пропаднати. Или направила корекција на лицето или премногу ослабела“.

viralno-video-olivija-vajld-preslaba-na-premiera-na-film-izgleda-kako-da-pagja-i-kosata05.JPG

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...

Најчитани неделава