Се разделија, но не можел да замисли живот без неа: Бен Стилер и сопругата се заедно речиси 30 години
Имаат две деца
Во 2002 година, Бен и Кристин добија ќерка, а кратко по породување актерот зборуваше за целото искуство:
„Кога сопругата е бремена девет месеци, ќе се навикнете на бременоста. Очигледно, знаете кон што води, но ова е како некоја апстрактна идеја.
И потоа, одеднаш, кога ќе си отидете дома, со вас има уште една личност, која само што сте ја запознале“.
Бен и Кристин пробуваат да ги заштитат децата од јавниот живот, но актерката има изјавено дека ќерка им е како мини верзија од татко ѝ.
Во 2005-та, тие добија и син, по што Кристин одлучи да направи пауза од кариерата за да се грижи за децата.
За ова нејзина одлука, Бен не штедеше комплименти.
„Кристин одлучи дека најпрво ќе биде мајка за нашите деца. Рече дека има потреба да го направи тоа, да биде овде за нив. Навистина сум среќен што моите деца имаат мајка како неа“.
Извесен период беа разделени
Иако делуваа како најсреќниот пар во светот, во 2017 година, Бени Кристин соопштија дека се разделуваат.
„Со многу љубов и почит еден за друг и 18-те години што ги поминавме заедно, донесовме одлука да се разделиме.
Нашиот приоритет ќе биде да се грижиме за нашите деца како посветени родители и блиски пријатели“, гласеше дел од изјавата.
Тие замолија и да се почитува нивната приватност, но ова не значи дека немаше шпекулации за причината за разделбата.
Некои извори тврдеа дека причината се многуте обврски:
„Им стана тешко – Бен е многу зафатен холивудски актер, а Кристин е целосно фокусирана на тоа да биде мајка“.
Ја прекинаа бракоразводната постапка
По најавата дека ќе се разделуваат, Бен и Кристин неколкупати беа бележани заедно, а во 2018-та се дозна дека се откажале од разводот.
Според изворите, љубовта меѓу нив не згаснала и сакале да си дадат уште една шанса.
„Никогаш не беа скарани. Бен само беше многу зафатен и ова малку ги оддалечи.
Не минуваа многу време заедно. Но, кога беа заедно, беше јасно дека се сакаат. Отсекогаш уживале во заедничките дружби“.
Тие никогаш не потврдија официјално дека повторно се заедно, но на премиера во 2019-та се држеа за рака.
Извори блиски до нив потврдија дека повторно се заедно:
„Бен никогаш не ја преболе Кристин и воопшто не беше заинтересиран за врска со друга жена додека беа разделени“.
Пандемијата им помогнала да се зближат
До февруари 2022 година, Бен и Кристин и официјално повторно беа пар.
Донекаде од помош им била изолацијата за време на пандемијата – почнале да живеат заедно за и двајцата да можат да минуваат време со нивните деца, па се зближиле уште повеќе.
„Бевме разделени, но сега повторно сме заедно и среќни сме за тоа“ сподели актерот.
Според извори блиски до нив, сите нивните пријатели се надевале на ваков исход.
Бен и Кристин уште се заедно и важат за пример за тоа како треба да функционира здрава врска.
Спирова С. | Црнобело