Тон емоции: Вин Дизел со солзи одржа говор за Пол Вокер на Кански фестивал, па ја прегрна ќерката на починатиот актер (видео)
- Детали
- четврток, 14 мај 2026
„Посакувам во животот да имате брат како Пол... На почеток, не беше во сценариото дека русокосиот и синоок дечко ќе ми стане како брат...“ – вели со паузи и солзи во очи Вин Дизел во емотивниот говор за прерано загинатиот актер Пол Вокер, а потоа ја прегнува ќерката на Пол, која брише солзи и открива што му кажала таа пред настанот.

На Канскиот фестивал 2026, вчеравечер се прикажуваше „The Fast and the Furious“, филм кој по 25 години беше оценет како класик и постигна голем комерцијален успех како акционен серијал, а на црвениот тепих се појавија ѕвездите на филмот, заедно со ќерката на Пол Вокер, Медоу.


Вин Дизел одржа говор во кој не можеше да си ги задржи емоциите, а зборуваше за својот пријател и колега, актерот Пол Вокер, кој во 2013-та трагично и прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа.

„Посакувам, сите во животот да имате брат како Пол. Не беше во сценариото дека овој русокос, синоок дечко, ќе ми биде како брат...“ – рече тој откако си зема момент за да се соземе и да се обрати пред толпата во театарот.

„По секоја премиера, тој ќе седнеше до мене и никој друг не смееше да биде околу нас. Тој не сакаше да биде со никој друг. Ќе шеташе со мене и ќе ми шепнеше на уво ‘најдобриот уште не дошол’.
За мене е многу тешко да го гледам филмот, бидејќи има многу моменти што јас ги гледам поразлично. Во сцената која ја гледате, јас го гледам моментот кога Пабло ми кажа дека има 1-годишна ќерка.

Ова е филм во кој беше претставено братството во нашиот милениум, од мене и од мојот брат Пабло.
А личноста која не ми дозволи да дојдам сам да го претставувам тоа братство овде, е неговата ќерка Медоу Вокер“ – рече Дизел, а Пабло е прекарот со кој долго време му се обраќал на својот пријател Пол.
Погледнете видео со дел од говорот на Вин Дизел:
Негова поддршка на настанот беше ќерката на Пол, како и колешките Џордана Брустер и Мишел Родригез, кои бришеа солзи за време на неговиот емотивен говор, а на крај тој откри што му кажала Медоу пред настанот:
„Ми рече: ‘Јас имам 27 години и го гледам филмот што татко ми го направил на 27 години’.
И си помислив, колку длабоко... Сакам да ви кажам дека Медоу е извор на сила и знам колку би бил тој горд на себе“, па се прегрнаа.

Погледнете го емотивниот момент и 4-минутните стоечки овации:
М. М. | Црнобело