Вознемирувачко видео: Мисица од Венецуела со раскрвавено лице - ја нападнал познат стилист на Канскиот фестивал
- Детали
- петок, 22 мај 2026
Мисица од Венецуела објави видео на кое има раскрвавено лице, а тврди дека повредите ѝ се од познат стилист. Истрагата е во тек, но во меѓувреме се огласи стилистот кој вели дека всушност таа го удрила, па и го гризнала него. Што знаеме за целата драма?

Победничката на Мис Глобал Венецуела, Андреа Дел Вал, сподели видео во кое тврди дека била нападната од стилист за време на Канскиот филмски фестивал.
Стилистот во прашање е Џовани Лагуна кој, според Андреа, ја удрил, но не е познато зошто.
На видеото Андреа има крв на лицето, а го покажува и нередот во хотелската соба кој наводно бил резултат на пресметката меѓу нив.
„Погледнете, ова го направи Џовани Лагуна. Честитки, Џовани, токму ова го сакав, да си го покажеш вистинското лице“, вели Андреа во видеото.
Андреа го затворила профилот на Инстаграм, но видеото се споделува на социјалните мрежи:
?s=20
Според досегашните информации, гостите повикале полиција откако слушнале викотници и тропање, а некои извори споделуваат дека Џовани бил приведен.
На Андреа ѝ била укажана медицинска помош и немала сериозни повреди.
Француските власти засега немаат споделено официјални информации и не е познато што се случило меѓу мисицата и стилистот.
Но, во меѓувреме се огласи самиот Џовани кој тврди дека не е виновен.
„Има Бог над нас кој гледа сè“, пишува во описот на објавата.
Во видеото, Џовани вели дека Андреа била повредена бидејќи ѝ паднала метална ламба на главата. Но, вели дека навистина имало конфликт меѓу нив.
Според него, конфликтот се случил во изнајмен стан каде што престојувал клиент на стилистот. Во станот била и Андреа која го снимала со телефон и се заканувала дека ќе ги сподели видеата онлајн.
„Отидов по неа, но не да ја удрам. Тргнав кон неа за да ѝ го одземам телефонот. Признавам дека сакав да го скршам телефонот за да не може да ги споделува видеата“.
Тие почнале да се „борат“ за телефонот, а стилистот тврди дека Андреа го удрила него, па дури и дека го гризнала.
Но, дециден е дека тој самиот не ја повредил.
Како што кажува Џовани, навистина бил приведен, но го ослободиле откако го дал своето сведоштво, но и откако биле испрашани други сведоци.
Инаку Џовани и самиот потекнува од Венецуела и е долгогодишен соработник со тамошниот избор за Мис.
Главно работи со натпреварувачки на натпревари за убавина, но и славни личности од Латинска Америка.
Засега не бил обвинуван за насилство, а во коментари на објавата добива поддршка и многумина пишуваат дека му веруваат во врска со инцидентот.
Спирова С. | Црнобело