Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато на Том Харди
- Детали
- сабота, 30 мај 2026
Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе до 13-тиот роденден тој бил зависен од дрога и алкохол и вели дека тој период бил подготвен да ја „продаде“ и мајка му за дрога.

Изминатава деценија, Том Харди се етаблира како еден од најдобрите холивудски актери.
Улогите во Venom, Mad Max, Dunkirk и бројни други му донесоа светска слава и армија фанови.
Но, ако денес е пример и инспирација, 48-годишниот актер зад себе има навистина брутално минато.
Се соочуваше со зависност од дрога и алкохол, а и самиот признава дека имал мошне тежок живот.
„Уште во младоста тргнав на погрешен пат и среќен сум што не сум доживеал некоја страшна несреќа или што не сум завршил во затвор или во мртовечница бидејќи се движев натаму“, има изјавено актерот.
Детали за бурното минато на Том Харди:
Том Харди е роден во Англија и бил единственото дете на неговите родители – мајка му била уметница, додека татко му бил писател со диплома од Кембриџ.
Актерот има изјавено дека бил разгалено дете, добивал многу внимание од мајка му, имал сè што може да посака, а учел и во приватни училишта.
„Имаше само еден проблем. Бев малку лошо дете. Не, да се коригирам – бев многу лошо дете“.
Проблемите со зависност на Том почнале уште на 11-годишна возраст, кога на училиште полицаец им држел предавање за опасностите од дрога.
Полицаецот спомнал дека некои деца дишеле лепило и почнал да зборува за опасностите од тоа.
Но, кај Том ова поттикнало интерес да проба да дише лепило. До 13-годишна возраст, тој веќе пиел алкохол, а користел и кокаин.
Во тинејџерските години го избркале од училиште поради кражба, а уште пред да наполни 16, веќе бил тежок зависник од алкохол и дрога.
Актерот обил во толку лоша состојба, што вели дека тогаш бил подготвен да ја продаде мајка му за дрога.
Во 1999 година, тој стапи во брак со писателката и продуцентка Сара Ворд.
Стапија во брак само три недели откако се запознаа, но се разделија во 2004-та, поради зависностите на актерот.
Во 2003 година, по неколку денови користење кокаин, актерот изгубил свест во хотел во Лондон.
Го пронашле во локва крв и повраќаници.
