Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато на Том Харди

За сопругата ова ја прелеало чашата, па го оставила.

Актерот, па, има изјавено дека веројатно требало да ја изгуби најважната личност во животот за да сфати дека дрогата и алкохолот сепак не му се толку важни.

pobaral-pomosh-koga-se-razbudil-vo-lokva-krv-se-drogiral-so-lepilo-na-11-godini-brutalnoto-minato-na-tom-hardi-03.JPG

По инцидентот, со помош од родителите, Том отишол на рехабилитација, а почнал да посетува и психијатар.

Кога конечно се исчистил, почнал да се фокусира на актерската кариера.

„Сакав татко ми да биде горд на мене. Почнав да глумам бидејќи немаше нешто друго што можев да правам.

Во глумата најдов дисциплина на којашто сакав да ѝ се враќам“.

pobaral-pomosh-koga-se-razbudil-vo-lokva-krv-se-drogiral-so-lepilo-na-11-godini-brutalnoto-minato-na-tom-hardi-0.JPG

Низ годините тој доби низа награди, а беше номиниран и за Оскар.

Од 2014-та е во среќен брак со актерката Шарлот Рајли, а заедно имаат две деца.

pobaral-pomosh-koga-se-razbudil-vo-lokva-krv-se-drogiral-so-lepilo-na-11-godini-brutalnoto-minato-na-tom-hardi-12.JPG

Сепак, периодов актерот повотрно се соочува со проблеми, овој пат поради неговото наводно лошо однесување на сет.

Од 2025 година, Том Харди има една од главните улоги во серијата MobLand. Но, неодамна доби отказ.

Наводно, актерот ја разгневил колешката Хелен Мирен, која исто така глуми во серијата, со неговото арогантно однесување.

pobaral-pomosh-koga-se-razbudil-vo-lokva-krv-se-drogiral-so-lepilo-na-11-godini-brutalnoto-minato-na-tom-hardi-11.JPG

Според некои извори, актерот редовно доцнел на снимањата, а и многу се мешал во менувањето на сценариото, без да биде прашан.

Изворот вели дека на актерот не му се допаѓало што серијата ставала повеќе фокус на колешката Хелен Мирен, па затоа и предлагал промени.

„Ликот на Том е шармантен. Но, ситуацијата се менува кога ќе се исклучат камерите. Хелен Мирен е вистинска радост, професионалец е и низ годините има соработувано со многу луѓе.

Но, Том ја фрустрира со неговото однесување. Доцни на снимање, а и на Хелен не ѝ се доаѓа начинот на којшто зборува со неа“.

pobaral-pomosh-koga-se-razbudil-vo-lokva-krv-se-drogiral-so-lepilo-na-11-godini-brutalnoto-minato-na-tom-hardi-02.JPG

Ова не е првпат актерот да биде критикуван за однесувањето на сетот.

Во 2015-та година, тој го заладил односот и со Шарлиз Терон додека го снимаа Mad Max: Fury Road.

Актерот доцнел и на ова снимање, но и постојано се карал со Шарлиз.

pobaral-pomosh-koga-se-razbudil-vo-lokva-krv-se-drogiral-so-lepilo-na-11-godini-brutalnoto-minato-na-tom-hardi-06.JPG

Подоцна актерот се огласи за ова и донекаде призна вина:

„Претерував на многу начини. Притисокот врз мене и Шарлиз понекогаш беше преголем.

Неа ѝ требаше подобар, можеби поискусен партнерот од мене. Сакам да мислам дека сега, кога сум постар и погрд, можам да го реализирам тоа“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава