Се однесува како тиранин кон вработените, ги отпушта за најмала грешка - Кое е вистинското лице на Бијонсе?
- Детали
- петок, 29 мај 2026
Додека обожавателите ширум светот ја гледаат како совршена ѕвезда и музичка икона, оние кои работеле со неа тврдат дека зад нејзиниот гламурозен имиџ се крие многу тежок карактер.

Бијонсе Ноулс со години ја следи епитетот „Кралица Би“ (Queen B) и се чини со причина, затоа што надвор од сцената, таа има - кралски желби.
Таа одамна се наоѓа на листата светски ѕвезди познати по своите неверојатни барања, кои се често и нереални.

Според странските медиуми, некои од барањата на Бијонсе за да се појави некаде или да прифати да одржи концерт, се речиси исти како барања што ги имаат некои членови на кралските семејства.
Наводно, во нејзината рајдер листа стои дека во гардеробата мора да ја чекаат специјални титаниумски сламки за пиење, а една таква сламка наводно чини околу 600 долари.

Покрај тоа, пејачката бара алкална вода, која мора да ѝ биде послужена на точна температура од 21 степен - ни помалку ни повеќе.
Листата барања на Бијонсе не завршува тука.
