Се однесува како тиранин кон вработените, ги отпушта за најмала грешка - Кое е вистинското лице на Бијонсе?
Ѕидовите на нејзината соба и соблекувалната во која се преоблекува во текот на концертите, мора да бидат тазе бојосани пред нејзиното пристигнување.
Во тоалетите, пак, бара да има потполно нови WC школки.

Наводно, дури и гардеробата на вработените кои се во каков било контакт со пејачката мора да бидат облечени во 100% памучна облека.
Покрај луксузните барања што ги има, Бијонсе има многу строг став и кон нејзините вработени.

Нејзини поранешни вработени тврдат дека пејачката може да има исклучително големи барања од луѓето кои ги ангажира да работат за неа, но и дека е груба кон нив.
Нејзините танчари и членови на тимот, мора да следат строги правила и високи стандарди и тие немаат простор за грешки - во спротивно веднаш ќе бидат отпуштени.

Некои велат и дека таа се однесува како вистински тиранин кој вика на цел глас кога нешто не е совршено како што таа го замислила.
Па, додека обожавателите ширум светот ја гледаат како совршена ѕвезда и музичка икона, оние кои работеле со неа тврдат дека зад нејзиниот гламурозен имиџ се крие многу тежок карактер.

А. Ј. | Црнобело