Почина актерката од The Ring што ја глумеше морничавата Самара: Беше бездомничка, имала сепса и менингитис
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
Дејви Чејс, најпозната како Самара од The Ring, почина на само 35-годишна возраст, по навистина тешка деценија. Откако се повлече во јавност, актерката имаше низа судири со законот, извесен период со дечко ѝ биле бездомници, а наводно починала од неисхранетост, по битка со болести како менингитис и сепса.

Дејви Чејс е актерката што го оживеа можеби најпрепознатливиот и најстрашниот лик од хорор-филм – морничавата Самара од култниот The Ring.
За жал, актерката почина во вторникот (16.06), на само 35-годишна возраст.
Тажната вест ја сподели нејзиниот дечко, кој откри дека Дејви се соочувала со сериозни здравствени проблеми, вклучително и менингитис и сепса.
Дејви била хоспитализирана почетокот од јуни, а нејзиниот партнер Рој Хернандез имаше направено и GoFundMe кампања за собирање средства за нејзиното лекување.
Но, Дејви не издржала, а како причина за смртта е наведена неисхранетост.
Актерката се прослави уште во детството, кога во 2002-ра ја доби улогата на Самара Морган во морничавиот филм The Ring.
Таа го позајмуваше и гласот на Лило во анимираниот филм Lilo & Stitch од истата година.
Иако стана ѕвезда, реши да се повлече од јавниот живот, а не користеше ни социјални мрежи – нејзината последна објава е од 2017 година.
Нејзиниот последно појавување на црвен тепих е во 2013 година.
Приватно, Дејви се соочуваше со проблеми откако се повлече од јавниот живот.
Неколкупати имаше судири со законот и беше апсена за разни прекршоци, како крадење автомобил и поседување дрога.
Дејви беше уапсена и во февруари 2017 година, откако пред болница оставила маж кој бил во критична состојба и подоцна починал.
Сепак, таа не била обвинета за смртта бидејќи мажот починал од предозирање.
Нејзиниот партнер откри и дека имала конфликт со семејството, како и дека извесен период биле бездомници.
Дечкото на Дејви открива повеќе детали за тешката состојба на актерката во една од неговите GoFundMe кампањи:
„Дејви Чејс, мојата двојка, отсекогаш била светлината во мојот живот. Но, таа се соочуваше со многу проблеми.
По тешкото детство и караницата со нејзиното семејство, Дејви не можеше да најде безбедност и среќа во Лос Анџелес.
Кога ја запознав, ѝ ветив дека ќе ја заштитам и дека ќе ѝ ги дадам љубовта и комфорот што ги заслужува. Заедно наоѓавме моменти на среќа и надеж.
Неодамна, сето ова се промени. Дејви беше дијагностицирана со менингитис и неколку сериозни инфекции на крвта. Нејзината состојба е критична и докторите ми кажаа дека можеби нема многу време.
Сè што таа сакаше е место каде што ќе можевме да живееме заедно, да се чувствуваме безбедно и да бидеме среќни.
Разбирам дека сите минуваме низ тешки период, но ако можете да помогнете, ќе бидам благодарен за што било“.
Не се познати други детали за Дејви, но јасно е дека последните години од нејзиниот живот биле далеку од гламурот што го живеела во детството и младоста.
Спирова С. | Црнобело