Потресни фотки од актерката од The Ring – преслаба и без свест во бездомнички шатор, само неколку месеци пред смртта
„Бевме толку блиску да ја најдеме… Дејви беше најсилната светлина во Холивуд. Не ми се верува дека се случи ова. Нејзиното наследство ќе живее засекогаш“, открива менаџерот за California Post.
Во наредните неколку недели, и пријателите на Дејви се вклучиле во потрагата, но залудно.
Дејви била хоспитализирана во болница во Лос Анџелес на почетокот од јуни. Но, состојбата брзо ѝ се влошила и починала на 16-ти јуни.
Рој Хернандез, мажот кој се претставува како нејзин партнер, имаше отворено кампања на GoFundMe неколку недели пред смртта на актерката, каде што бараше средства за нејзиното лекување.
Сепак, сега менаџерот на актерката вели дека неговата приказна му е навистина сомнителна.
Дејви можеби била во лоша состојба, но тој открива дека таа всушност имала пари.
„Маж кој тврди дека е нејзин дечко, а за кој не слушнал никој од семејството и блиските на Дејви, започнал кампања за неа.
Но, јас можам да потврдам дека таа имаше пари за да си ги покрие трошоците“.
Имено, Дејви уште добивала пари од филмовите во коишто се има појавено бидејќи дел од нив се емитуваат на телевизија, но и на стриминг платформи.
Покрај тоа, кога го позајмуваше гласот на Лило во Lilo & Stitch, Дејви потпишала договор да добива пари и од продажбата на играчки и други продукти поврзани со цртаниот филм.
Па, со текот на времето, на нејзината сметка се акумулирале милиони.
Сепак, менаџерот вели дека не ги ни допирала овие пари откако проблемите со зависноста од хероин ѝ се влошиле.
Низ годините, тој многупати пробувал да стапи во контакт со неа, но безуспешно.
Што се однесува до нејзините пари, веројатно ќе завршат кај нејзиното семејство.
Спирова С. | Црнобело