„На 8 години ме тераа да пеам по барови пред пијани мажи“: Тешкиот пат до славата на Шанаја Твејн

„Искрено, мајка ми е личноста што ме натера да се качам на сцена“, открива пејачката Шанаја Твејн. Штом нејзината мајка открила дека има талент за пеење, сфатила дека може да ја користи за да заработи пари бидејќи тој период живееле во екстремна сиромаштија.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-01.jpg

Благодарение на „заразните“ песни како That Don’t Impress Me Much, Шанаја Твејн стана една од најпознатите кантри и поп пејачки.

Со над 100 милиони продадени албуми, Шанаја се вбројува меѓу најпродаваните артисти на сите времиња, но e и најпродаваната кантри артистка во историјата.

Но, патот до славата на 60-годишанта Канаѓанка бил сè освен лесен.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-02.JPG

Зад гламурот што го гледаме денес се крие минатото на пејачката исполнето со насилство, сиромаштија и трагедии.

Шанаја е родена во Онтарио и има две сестри, а нејзините родители се развеле кога имала две години.

Потоа мајка ѝ се премажила, а нејзиниот втор сопруг, Џери Твејн, ги посвоил пејачката и нејзините сестри.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-12.JPG

Сиромаштијата ги одбележала детските години на Шанаја – како што има откриено самата, со сестрите честопати оделе на училиште гладни.

Но, кога мајка ѝ Шерон сфатила дека има талент за пеење, помислила дека може да ја искористи за да заработат нешто.

„Искрено, мајка ми е личноста што ме натера да се качам на сцена. Јас не сакав да бидам во центарот на вниманието. Се плашев од тоа“, сподели пејачката во неодамнешно интервју.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-09.JPG

По наредба на мајка ѝ, Шанаја почнала да пее на само осумгодишна возраст, и тоа во барови. Вели дека мајка ѝ ја будела по полноќ само за да настапува.

„Имав настапи по полноќ и сите беа пијани. Воопшто не беше забавно. Следниот ден требаше да одам на училиште, а моите родители често се расправаа.

Сето ова беше ужасна околина за дете. Но, јас бев професионалец и си ја сфатив работата мошне сериозно“.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-11.JPG

Шанаја набрзо сфатила дека ако не заработи ништо од настап, тоа значи дека дома ќе има проблеми. Па, веројатно и затоа сериозно си ја сфаќала работата на само осумгодишна возраст.

Нејзиниот очув бил насилен кон мајка ѝ и еднаш ја претепал толку многу што изгубила свест.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Славни личности кои ги тужеа нивните родители (и зошто) Коби Брајант ги тужеше родителите бидејќи продавале негови лични предмети без да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава