„На 8 години ме тераа да пеам по барови пред пијани мажи“: Тешкиот пат до славата на Шанаја Твејн

Истовремено, нејзиниот очув бил насилен и кон неа, а Шанаја открива дека трпела и сексуално вознемирување од него.

Вели дека ја терал да шета топлес низ дома и имало ситуации кога ја допирал.

„Имаше проблеми. Некогаш се вклучував во караниците на родителите… Мислев дека ќе ја убие“, сподели Шанаја во постаро интервју.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-04.JPG

Таа вели дека пробувала и да си ги крие и стега градите бидејќи се чувствувал непријатно од нејзиниот очув.

„Беше ужасно – никој не би сакал да биде девојче во мојата куќа“.

На 22-годишна возраст, во периодот кога успеваше да се пробие, мајката и очувот на Шанаја загинаа во сообраќајка.

Па, како што има изјавено самата, преку ноќ станал самохрана мајка.

Притисокот за пејачката бил огромен и открива дека едвај спиела, но сепак решила да не се откажува од својот сон.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-06.JPG

Штом нејзините сестри биле доволно големи, Шанаја направила демо-снимка, им ја пратила на продуценти и по неколку месеци ја контактирале.

И, со ова го направила првиот чекор кон светска салава.

Проблемите за Шанаја не завршија откако се прослави, бидејќи во 2003 година се зарази со лајмска болест.

Тогаш, вели, се плашела дека никогаш веќе нема да се качи на сцена поради болеста.

„Неколку години го изгубив гласот. Се чувствував како никогаш да нема да снимам уште еден албум. Навистина жалев, секој ден ми беше тежок“.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-10.JPG

За среќа, состојбата на пејачката се подобри и таа си го врати гласот.

Сепак, животот ѝ приреди уште едно непријатно изненадување – нејзиниот брак со продуцентот Роберт Ланџ се растури, откако таа дозна дека ја изневерувал со нејзина блиска пријателка.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-08.JPG

Пејачката го има споредено разводот со фаталната несреќа на нејзините родители.

„Смртта е крајот, трајниот крај на многу работи во мојот живот. И, никогаш не ја преболев смртта на моите родители. Па, си помислив дека никогаш нема да го преболам ни разводот.

Сопругот ме остави за друга жена. Го достигнав дното. Не гледав поента во тоа да имам музичка кариера“.

na-8-godini-me-teraa-da-peam-po-barovi-pred-pijani-mazhi-teshkiot-pat-do-slavata-na-shanaja-tvejn-05.JPG

Сепак, пејачката успеа да најде љубов, а продолжи и да се занимава со музика.

Нејзините песни до денес се популарни, а периодов има и бројни настапи.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Славни личности кои ги тужеа нивните родители (и зошто) Коби Брајант ги тужеше родителите бидејќи продавале негови лични предмети без да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава