Нова тужба за Кајли Џенер: Поранешна лична готвачка доживеала спонтан абортус поради малтретирањето
Жената ги известила нејзините надредени за спонтаниот абортус, но тогаш тие ја обвиниле дека по роденденската прослава оставила хаос во кујната и фрижидерот – нешто што не било точно.
Неколку денови подоцна, жената имала и пообилно крвавење, а според тужбата, се соочила со депресија поради спонтаниот абортус.
Но, наместо да добие соодветна помош, нејзините наредени рекле:
„Престани, ја правиш Кајли депресивна“.
Сега жената бара оштета од Кајли и вели дека покрај траумата што ја преживеала, не била платена за прекувремената работа, како и дека била избркана без причина.
Годинава, ова е третата тужба од поранешен вработен со која се соочува Кајли.
Во април Кајли беше тужена од поранешна куќна помошничка која тврди дека била неправедно избркана, како и дека била жртва на дискриминација и заплашување.
Токсичната работна околина кај неа резултирала со симптоми на пострауматично стресно нарушување.
Истиот месец уште една куќна помошничка ја тужеше Кајли.
Таа се соочувала со малтретирање од другите вработени, а кога побарала помош од Кајли, ѝ било наредено никогаш повеќе да не ѝ прозборе, ниту да ја погледне бидејќи во спротивно ќе била избркана.
Засега Кајли се нема огласено за тужбите.
Спирова С. | Црнобело