Пробуваа да добијат дете, се сомневала дека е геј: Која е жената што Рики Мартин ја сакаше цела деценија?
„Тој беше прекрасен партнер. Бевме заедно долг период и сакавме да бидеме родители, сакавме да создадеме семејство.
За мене, тој беше совршениот маж кој сакав да биде татко на моите деца“, има изјавено Ребека.
Рики Мартин откри дека е геј во 2010 година, а набрзо потоа Ребека сподели дека донекаде била свесна.
„Веќе знаев, но некогаш се прашувам дали воопшто е важно ако сум знаела или не.
Дали е важно ако сум се вљубила во личност која го преферирала истиот пол, но ми е верна и ме почитува?
Дали е важно ако таа личност е геј кога додава толку голема вредност во твојот живот?“
По разделбата, Рики и Ребека останаа блиски, а и самиот пејач има изјавено дека е благодарен за врската со неа.
Дури и самиот вели дека бил сигурен дека Ребека била свесна за неговата сексуална ориентација.
„Имав девојка, жена со која се гледав повеќе од девет години. Таа беше прекрасна. За жал, веќе не сме во контакт, но беше прекрасна, моќна и знаеше за мене.
Знаеше дека сум геј, но бевме заедно. Но, раскинавме и потоа само се посветив на работата“.
Иако Ребека му била поддршка, Рики има изјавено дека жали што не бил искрен за својата сексуална ориентација порано.
Впрочем, пејачот реши да зборува на ова тема откако беше притиснат од новинарка која му рече:
„Можеш да ги замолчиш гласините. Можеш да кажеш ’Јас сум геј‘ или ’не сум геј‘“:
Подоцна пејачот изјави дека се чувствувал нападнато за време на интервјуто, како и дека му било страв да зборува јавно за ова.
Сепак, од денешна перспектива, сфатил дека можеби требало да зборува порано.
„Би било супер да кажев порано. Кога е во прашање мојата сексуалност и тоа кој сум сакам да зборувам. Бидејќи ако го криете тоа, тогаш се наоѓате помеѓу животот и смртта“.
Спирова С. | Црнобело