Пробуваа да добијат дете, се сомневала дека е геј: Која е жената што Рики Мартин ја сакаше цела деценија?
- Детали
- сабота, 25 јули 2026
Рики Мартин откри дека е геј во 2010 година, но претходно имаше долга врска со мексиканска водителка со која се обидувале да добијат и дете. Кога прозборе за својата сексуална ориентација, неговата поранешна девојка сподели дека знаела, но сепак била среќна со него бидејќи вистински го сакал, а и тој неа.

Денес Рики Мартин е сингл, а од 2017 до 2023 година беше во брак со Џуан Јозеф со кој е во добар однос поради нивните четири деца кои ги добија со сурогат мајка.
Но, пред да ја открие својата сексуална ориентација, познатиот пејач имаше врски со неколку жени, а со една од нив планираше да добие и дете.
Иако од почетокот на кариерата на пејачот постоеја шпекулации дека е геј, кога самиот го потврди ова сепак беше изненадување, најмногу поради долгата врска со мексиканската водителка и манекенка Ребека де Алба.
Сепак, пејачот тврди дека никогаш не ги лажел жените со коишто бил во врска и дека вистински ги сакал.
„Сексуалноста е комплицирана, не е сè црнобело. Кога излегував со жени, бев вљубен во нив. Не можете да ја одглумите хемијата што ја чувствувате кон некој. Не мамев“.
Рики Мартин и Ребека се запознале во раните 1990-ти, а набрзо потоа почнале и врска.
Во интервју откако раскинаа, Ребека има зборувано за нивните почетоци.
„Беше навистина убаво. Бевме блиски пријатели, па се вљубивме. Тој целосно ми се предаде. Постојано бевме заедно.
Не знам како да објаснам, но добро се разбиравме и не требаше да вложуваме многу труд за да бидеме среќни заедно. Не се сомневав во него“.
Тие беа заедно речиси една деценија и иако не стапија во брак, разговарале за тоа да имаат деца.
Се обидувале, но Ребека не можела забремени.
„Секако дека сакав, но не можев да имам деца. Би било прекрасно да можев да станам мајка. Изгубив неколку деца со еден партнер“, сподели Ребека, а потоа додаде дека всушност зборува за Рики.
Откако се разделија, Ребека навистина има само добри зборови за него.