Шакира на суд поради неисплатена отпремнина

shakira-na-sud-poradi-neisplatena-otpremnina

Светски познатата пејачка од Колумбија, Шакира е тужена за неплаќање надоместокот при отказот на возачот и готвачката, а побарувањето изнесува повеќе од 200 илјади долари, во саботата објавија јужноамериканските медиуми повикувајќи се на изјава на адвокатот на отпуштените.

Во татковината на пејачката, во колумбискиот град на Баранкиља, адвокатот Абелардо дела Есприља за медиумите ги изнел деталите од тужбеното побарување во работниот спор против Шакира, којшто се разгледува во судот во шпанската метропола Барселона. Дела Есприља, исто така, најавил и дека набргу ќе подигне тужба и против претставникот на пејачката Езекиел Камерине, кој изјави дека отпуштените домашни помошници имале намера да ја уценуваат Шакира од користољубие, користејќи инкриминирачки информации, што неговите клиенти го негираат.

Колумбијците, 50-годишниот Дивиер Ернандез и 46-годишната Марица Мартинез почнале да работат како помошници на имотот на семејството на Шакира уште во Колумбија пред повеќе од десет години, а подоцна се преселиле со пејачката, прво на Мајами во САД, а потоа и во Каталонија. Ернандез работел како возач и готвач, а неговата жена Мартинез помагала во готвењето, во чистење на домот, купување намирници. Од тужбеното барање на отпуштените работници составено на седум страници, недоразбирањето меѓу Шакира и нејзините работници избило уште на 20-ти мај. Пејачката се вратила дома по полноќ со група пријатели и побарала Ернандез да приготви печена кокошка. Тој одбил да го направи тоа, затоа што, како што рекол, работел со неговата сопруга од раните утрински часови, и двајцата биле уморни. На тоа Шакира рекла дека нејзините домашни помошници „се бескорисни и треба да си заминат". Тоа тие и го сториле, и ноќта ја минале, како што вели нивниот адвокат, „на клупа во паркот". Потоа, Ернандез и Мартинез го повикале поранешното момче и продуцент на пејачката, Антонио дела Руа, кој им дал пари и им го платил сместувањето во Барселона за неколку дена.

По некое време, претставник на Шакира им кажал дека се прекинати секаквите односи и бидејќи меѓу нив немале никаков писмен договор, тие работеле по усен договор, им понудил како компензација по 6.000 долари, според законите на Бахамиските острови, каде што пејачката има постојано место на живеење. Двајцата сопружници сега тужители ја одбиле оваа понуда. Следниот ден, според адвокатот на отпуштените, Ернандез добил електронска пошта од непозната личност со закана „фотографија на војник со автомат, кој гледа во расчеречено човечко тело".

Сега куќните помошници бараат од Шакира како отпремнина повеќе од 200 илјади долари за „неисплатени бонуси, годишен одмор, придонеси за социјално осигурување". Оваа сума вклучува и надомест за морална штета, бидејќи, според приложениот медицински извештај, по отпуштањето кај двајцата бил забележан „неспецифичен синдром на анксиозност и реактивна депресија".

Шакира Изабел Мебарак Рипол е родена на 2-ри февруари 1977 година во колумбискиот град Баранкиља. Има статус на најуспешната латиноамериканска пејачка во историјата на поп-музиката, со продадени повеќе од 60 милиони дискови со нејзините хитови.

На 23-годишна возраст ја започна врската со адвокатот Антонио, синот на тогашниот претседател на Аргентина, Фернандо дела Руа, кој во декември 2001 година беше принуден да поднесе оставка поради длабоката економска и политичка криза што ја зафати неговата земја. Медиумите неколкупати ги објавуваа наводните датуми на нивната свадба, но во едно интервју Шакира ги негираше овие информации, велејќи дека таа сака да биде „вечна невеста", наместо „вечна жена". Сепак, тие продолжија да живеат заедно и беа сметани за еден од најпостојаните двојки во светот на шоу бизнисот. Во јануари 2011 година, пејачката официјално го објави прекинувањето на врската.

Во моментов Шакира се гледа со фудбалерот на шпанска Барселона, Жерард Пике. Според пишувањата на медиумите, пејачката е бремена и треба да се породи кон крајот на јануари 2013 година. Најверојатно станува збор за момченце, кого Шакира и Пике ќе го крстеле Улисито.

19.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Бебе Реџа, пејачката со дебарски корени, објави оглас за да најде татко за нејзиното бебе - Кои ѝ се... 36-годишната пејачка минатото лето ја посети Македонија, а сега јавно се огласи ...
Шакира емотивна за разделбата од Пике и „најмрачниот период“, тој ужива во Венеција со љубовницатa Додека Пике ужива во Венеција со Клара Чиа – жената поради која ја остави Шакира...
Бизарна теорија на заговор – Шакира користела двојничка на настапот на Светско: „Ги греши чекорите, ... По отворањето на Светското фудбалско првенство, Шакира се соочи со обвиненија де...
Селена Гомез со стомаче и облини, посреќна од кога било на нејзината моминска забава – свршеникот сл... Селена Гомез го помина викендот со пријателки на јахта во Мексико, а според изво...
Сандра Булок неутешна 2 години по трагичната смрт на саканиот – се крие од јавност, не сака да глуми Поминаа две години од смртта на партнерот на Сандра Булок, кој таа го нарекуваше...

Најчитани неделава